Уште едно жариште на африканска свинска чума во Србија, донесено ново решение за забрана

Поради појава на ново жариште со болеста африканска свинска чума во Република Србија и спречување на можноста за евентуално нејзино пренесување и ширење и во Република Северна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое го забрани увозот и транзитот на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ Република Србија.

Share
Прочитај повеќе

Фармери помогнете да се сопре африканската свинска чума

Чистете ја вашата облека 👖
Дезинфицирајте ја опремата 🚜
Држете ги вашите свињи подалеку од дивите 🐗
Осигурајте се дека вашата сточна храна и свињи се од доверливи извори 🐽

Share
Прочитај повеќе

Заедничка апликација на ФАО и MammalNet помага во откривање на Африканска свинска чума кај дивите свињи

„По измената на апликацијата iMammalia, секој корисник сега може, во рок од неколку секунди, да го пријави
откритието на труп на диви свињи, со што ќе помогне во борбата против африканската свинска чума“, изјави
Марк Ховари, ФАО експерт за подготвеност за здравје на животните. „Корисниците можат да ги пријават гео- координатите, нивото на распаѓање и полот, па дури и да испратат фотографија од трупот“.

Share
Прочитај повеќе

Потврден случај на африканска свинска чума во Грција

АХВ апелира свежото месо, подготовките од месо и производите од месо, како и нус – производите да не доаѓаат во контакт со приемчивите животни. Засилена контрола на документацијата да се врши на добиточните пазари и собирните центри. Строго е забрането продавање на животни надвор од добиточните пазари.

Share
Прочитај повеќе

Нови случаи на африканска свинска чума во Србија и во Бугарија

“Јас само би набројал дека е забрането да се чуваат свињи на отворено, дека свињите не смеат да ги хранат со помии, би повикал луѓето кои патуваат во странство да не носат во куферите храна од животинско потекло, особено производи од свинско месо, затоа што тоа е најлесниот начин да ја донесете болеста од некоја друга земја во нашата држава”, апелира Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

ФАО помага за зајакнување на капацитетите за превенција, детекција и подготвеност во случај на Африканска свинска чума во Северна Македонија

Дел од обуките беа насочени кон одгледувачите на свињи и беа наменети за подобрување на општите аспекти на биосигурноста во врска со болеста, вклучувајќи ги и биосигурносните листи за проверка за фармите и мерките за превенција за спречување на влез на болеста во фармите.

Share
Прочитај повеќе

Спречен увоз на свинско месо, заразено со вирус на африканска свинска чума

-Станува збор за пратка со 21.312 тони замрзнато свинско месо, по потекло од Шпанија, земја во која нема пријавено присуство на болеста африканска свинска чума. Во земјава месото е увезено преку граничниот премин Деве Баир, од соседна Бугарија, од регион во кој исто  така не е потврдено присуството на болеста. Целокупното количество месо не е пуштено во промет и се наоѓа во магацините на увозникот. Согласно безбедносните протоколи на Агенцијата за храна и ветеринарство, во текот на денов, месото ќе биде нештетно уништено на депонијата Дрисла, – изјави Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Кина од државните резерви ќе го надоместува недостигот на свинско месо

Кина има тешкотии со справувањето со свинската чума , поради што досега се убиени околу милион заболени свињи. Од државната компанија, која управува со државните резерви соопштија дека во вторник ќе се одржи аукција на замрзнато свинско месо, кое било увезено од Данска, Германија, Франција, САД и Британија.

Share
Прочитај повеќе

Атанасов на средба со жителите на Двориште

Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, во придружба на градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, вчера вечер одржа средба со жителите на беровското село Двориште.

Share
Прочитај повеќе

Димковски : Заедно со локалната самоуправа активно работиме во спроведување на мерките за превенција од појава и ширење на болеста африканска свинска чума.

„Би сакал да нагласам дека сите превентивни мерки што ги преземаме се за намалување на ризикот од африканска свинска чума, со градоначалникот Бочварски и со ветеринарната стануца тука во Штип ги разгледавме сите мерки кои ги преземавме ние како министерство, затоа што секако, први кои би се соочиле со оваа болест се ветеринарните амбуланти и локалната самоуправа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе ја подготви програмата со која од 1 септември до 15 октомври сточарите кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат парична сума од 3 илјади денари по глава. “, изјави министерот Димковски

Share
Прочитај повеќе