Со измените на Законот за ветеринарно медицински препарати до поголема заштита на здравјето на потрошувачите и благосостојбата на животните

Владата на вчерашната седница ги донесе измените и дополните на Законот за ветеринарно медицински препарати. Основната цел на законските измени и дополни е унапредување на заштита на здравјето и интересите на  потрошувачите и степенот на здравствена заштита и благосостојба на животните како и обезбедување на соодветна  деловна клима за бизнис операторите.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Да не се внесува храна од Бугарија, фармерите да не ги пуштаат свињите на паша

АХВ ги засили мерките за надзор и контрола на болеста „африканска свинска чума“ по добиената потврда на 31 август годинава дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија. Донесено е и решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од регионот во Бугарија каде е потврдено присуство на болеста, со цел заштита од внесување на вирусот во Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Кучето Изи ја почна кампањата за бесплатно чипирање на милениците

– Кампањата ќе трае до 31 март идната година,  додека не се потрошат набавените 100.000 микрочипови, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“, рече Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Од сабота бесплатно чипирање на милениците

-Секој сопственик има законска обврска да го микрочипира својот миленик и доколку не ја спроведе предвидена е санкција од 30 евра во денарска противвредност. После завршувањето на кампањта АХВ ќе спроведе зајакнати контроли за да провери дали сопствениците извршиле идентификација и регистрација на нивните домашни миленици, рече директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Со нов правилнк ќе се дозволи минимално присуство на ГМО во храната

-Ние до е-влада доставивме предлог Правилник. Во правилникот, покрај начинот како ќе се спроведува е предвидена и границата на толеранција или прифатливост на случајно или техничко неизбежно присуство на ГМО храна во текот на производството. Би сакал да кажам дека практично со ова ќе се усогласиме со Европската регулатива или со законодавството таму. Тоа значи дека прагот на тоа што не е ГМО храна ќе биде утврден, соопштија од АХВ. 

Share
Прочитај повеќе

Македонците сакаат органска храна

Потрошувачите,  се повеќе бараат органско и сакаат да им биде испочитувано правото на избор. Но, сакаат и да бидат сигурни што купуваат. Инсистираат да има официјален, ажуриран и систематизиран регистар на органски производители, како и да се врши компаративно тестирање на производите.

Share
Прочитај повеќе

Јадете безбедна храна и во услови на високи температури

Труењето со храна е особено честа појава во летните месеци, бидејќи високите температури придонесуваат за полесно и побрзо развивање на микроорганизмите во храната. Од друга страна пак, луѓето во текот на летото повеќе консумираат ладна и сирова храна како што се: сладоледи, салати, брза храна (сендвичи) и сл.

Share
Прочитај повеќе

АХВ спроведува вонредни контроли во туристичките центри

За констатираните недоследности издадени се 23 решенија за нивно отстранување, издадени се вкупно 36 покани за едукација, а изречена е и една парична казна. Како небезбедни уништени се 25 килограми храна (10 килограми мелено месо и 15 килограми пилешки стек). 

Share
Прочитај повеќе

Анализите потврдија: Соините трошки и шницли содржат ГМО, следи уништување

– Во Република Македонија, производите соини шницли увезени се од операторот со храна “Виталиа”, а дистрибуирани во прометот преку операторот со храна КАМ ДОО Скопје. Увозот на соините трошки, извршен е од страна на операторот со храна “Сопродекс”, а во прометот, исто така биле дистрибуирани преку операторот со храна “КАМ” ДОО Скопје, велат од Агенцијата.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се вградуваат микрочипови кај домашните миленици

Постапката со набавката на микрочипови е веќе завршена и тие се во магацините на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во моментов се склучуваат договорите со ветеринарните друштва што треба да ги аплицираат микрочиповите по што ќе следи нивното распоредување кај сопствениците на домашни миленичиња, рече Атанасов.

Share
Прочитај повеќе