Отштета од косовската царинска блокада ќе добијат само тие што имаат доказ дека се оштетени

Единствен начин за да се дојде до некакво обесштетување нуди Законот за земјоделство и рурален развој. Доколку некој земјоделец се одлучи за таков потег, Бирото за судски вештачења треба да направи проценка за настанатата штета.

Share
Прочитај повеќе

Прилеп ќе пренамени пари за 1.000 земјоделци со уништен род од невреме

Откако ќе биде извршена процената на штетата, Советот на Општина Прилеп ќе донесе одлука за обештетување со средства од општинскиот буџет. Ова е прва одлука со која советот на Прилеп им излегува пресрет на граѓаните и им доделува средства за ваква намена, рече Талевски.

Share
Прочитај повеќе

Асоцијацијата на земјоделци се согласува со МЗШВ за производствената цена на пченицата од 9,14 денари

Асоцијацијата на земјоделци се согласува со пресметките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека производствената цена на пченицата изнесува 9,14 денари. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека годинава се намалени приносите на лебното зрно, поради врнежите од дожд и невремто проследено со град.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците во Преспа се запознаа со придобивките од здружувањето во задруги

– Поради тоа задругите нудат еден од начините на здружување на земјоделците со цел да бидат помоќни, посилни, поорганизирани и поконкурентни. Земјоделците здружено ќе може да ги решаваат проблемите кои сега се јавуваат околу производство и пласманот. Организирани поефикасно ќе може да го прават тоа, истакна Неданоски.

Share
Прочитај повеќе

И до 10.000 евра штети во земјоделството од минатонеделното невреме

Додека некои од земјоделците ги проценуваат штетите на над десет илјади евра и велат дека е крајно време да се размислува за осигурување на посевите, ресорното Министерство најавува поедноставување и забрзување на постапките за обесштетување.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Могила поднесуваат пријави за обесштетување од невремето

Вчера до 14 часот биле поднесени 45 пријави од невремето во саботата, а од општина Могила велат дека наредните два дена се очекува да се зголемат на 200 до 250 нови барања. Заедно со барањата од невремето пред 20-тина дена, тоа се повеќе од 400 барања за обесштетување на земјоделците од општина Могила.

Share
Прочитај повеќе

Климатските промени го празнат џебот на земјоделците

Една од најголемите зеленчукови градини на Балканскиот полуостров-Струмичката се соочува со намалено производство. Од сите градинарски култури само зелката не потфрлува, додека доматите, краставиците, пиперките и други култури на отворено и под пластеници драстично потфрлуваат со родот.

Share
Прочитај повеќе

Вчера и денес се исплаќаат штетите од мразот, Агенцијата исплати околу 89 милиони денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Неготино информираше дека денеска и вчера за земјоделците од неготинскиот регион се исплатени над 25 милиони денари за обесштетувањата од временските непогоди што се случија минатата година, односно мразот. А, вкупно и за дел од останатите региони од државата, денеска и вчера по основ на обештетувања Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 89 милиони денари. Преостанатите исплати на обесштетувањата ќе се реализираат во текот на следната недела.

Share
Прочитај повеќе

Наскоро Гарантен Фонд за земјоделски кредити

Во најскоро време треба да профункционира и националниот Гарантен фонд кој ќе биде жирант за земјоделците за кредитите земени од комерцијалните банки. Со овие средства е обезбедена гаранција за максимум 50 проценти од висината на добиениот кредит чија вредност може да биде најмногу до 500.000 долари.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците бараат начини да се заштитат од климатските промени

Земјоделците велат има периоди кога само за 24 часа се јавува разлика во температурата и до 20  степени, а сето тоа им прави сериозни проблеми, пред се  во растителното  производството.  Наглите промени во времето веќе почнале да влијаат на квалитетот, а посебно  евидентно било  намалувањето на  приносите.

Share
Прочитај повеќе