,,МИКРОЕКОˮ – Решение за макропроблемите во земјоделството и животната средина

Со реализациja на проектот ,,МИКРОЕКОˮ на ,,Фармахемˮ ДООЕЛ, ќе се придонесе за решавање на горливиот проблем со загадувањето на почвите, а со тоа индиректно и подземните и површински води, воздухот, како и земјоделските производи кои директно влијаат врз здравјето на луѓето. Резултатите на овој проект индиректно ќе доведат и до подигање на јавната свест за состојбата со животната средина.

Share
Прочитај повеќе

Собранието го донесе ребалансот со поддршка од 470 милиони евра за влијанието од кризата

Неговото носење ја отвора можноста за реализација на четвртиот пакет мерки од 470 милиони евра, насочени кон граѓаните и економијата.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Хоџа се обрати на денешната 32 сесија на Регионалната конференција на ФАО

Идната Заедничка Земјоделска Политика на ЕУ ја препознава важноста на вклучувањето на младите земјоделки и земјоделци во овој сектор и адаптирање на бизнис развојот во руралните средини. Преку новиот начин на работење, ние јасно го истакнуваме нашиот стратешки пристап и воведуваме соодветни национални мерки за поддршка- истакна министерот Хоџа на денешното обраќање на 32 сесија на Регионалната конференција на ФАО.

Share
Прочитај повеќе

Денеска на седница на Влада измена на програмата за финансиска поддршка на Рурален развој за 2020

На денешната 17-та Владина седница, која е закажана со почеток во 12:00 часот, на дневен ред, меѓу другото за разгледување се и Предлогот за изменување и дополнување на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020 година, како и Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Share
Прочитај повеќе

Педесет земјоделци се обучуваат за примена на современи агроеколошки мерки

На овие обуки експерти од областа на овоштарството, градинарство, почви, наводнување и заштита им даваат стручни совети на земјоделските производители со цел подобрување на квалитетот на земјоделските производи и приносот.

Share
Прочитај повеќе

Доход од продажба на сопствени земјоделски производи

Обврзникот кој во текот на календарската година остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи (на откупувачи и на други физички лица надвор од продажни места на зелени пазари) кој не го надминал износот од 1.000.000 денари има право на враќање на платениот данок за остварениот доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски на увид на земјоделските површини во Кочанско, кои настрадаа од невреме

Денеска, министерот за земјоделство, Трајан Димковски заедно со градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, извршија увид во состојбата на земјоделските површини кои настрадаа како последица на невремето кое го зафати регионот на селата Горни Подлог, Долни Подлог и Грдовци во општина Кочани.

Share
Прочитај повеќе

Известување за достава на барања за проценка на штети

По вчерашното невреме во Битолско се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, најдоцна до 13.07.2020 до 15:30 часот, да достават:

Барање до Комисијата за проценка на штета;
Имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Земјоделци, работевме заедно со Вас и за само две и пол години направивмe многу

– Ја воведовме зелената нафта, 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци.
Сега покриваме 50 проценти, а во наредниот мандат ќе ја покриваме целосно.100 проценти! Зелената нафта ќе биде целосно бесплатна, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

До модерно и иновативно земјоделство, со правилна политика за управување со земјоделско земјиште

Преку продажбата на државното земјоделско земјиште на физички или правни лица ќе се создадат услови да се зголеми процентот на обработка на земјоделско земјиште. Со стекнувањето на сопственост на земјоделското земјиште ќе се олесни пристапот до кредити и користење на меѓународните фондови за сите оние кои сакаат да инвестираат во земјоделството.

Share
Прочитај повеќе