Минов: Оптимист сум дека Владата ќе има волја позитивно да се реши проблемот на лозарите

– Очекувам и ги охрабрувам лозарите дека овие поставени прашања и ова мое застапување ќе продолжи се до решавање на проблемот, а јас сум оптимист дека одлуката ќе биде соопштена за денот на лозарите и за исплата на редовните субвенции пред празникот Свети Трифун, заедно со едниот денар, нагласи Минов. 

Share
Прочитај повеќе

Обезбедени се над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции

По објавувањето на владината одлука во Службен весник, односно до крајот на оваа недела ќе започне исплатата на овие субвенции.
Досега Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има исплатено близу 200 милиони евра, сума во која што спаѓаат субвенции по основ на заостанати долгови од 2013,2014, 2015, 2016 година, како и за мерките од актуелните Програми за 2017 година.

Share
Прочитај повеќе

„Мисириан“ започна со исплата на тутунот од годинешната реколта

Грчката компанија „Мисириан“ од вчера започна со исплата на тутунот од годинешната реколта, соопштија од компанијата.

Share
Прочитај повеќе

Започна исплатата на откупениот тутун

Според државниот земјоделски инспекторат, допрва почнува интензивирањето на откупот. Четири компании досега откупија 100.000 килограми тутун по просечна цена од 212 денари.

Share
Прочитај повеќе

Николовски најави наскоро обесштетување од јулското невреме

Нема неправилности, ниту нејаснотии, како што се случуваше во 2015 и 2016 година кои ги наследивме и сметам дека оваа работа брзо ќе биде завршена и граѓаните ќе бидат обештетени согласно со владините одлуки, рече министерот.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 99 отсто од земјоделските субвенции

– До први септември годинава се исплатени 99 отсто од ланските субвенции или реализирани се вкупно 6,8 милијарди денари, соопшти денеска директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Стопанската комора очекува пониски откупни цени на тутунот

Комората го поздравува изготвувањето на новиот закон за тутун и очекува негово што поскоро донесување. Со ова законско решение, напомена Ристовски, ќе се решат горливите проблеми во тутунската индустрија, а и Македонија ќе биде прва земја во ЈИЕ што ќе го регулира овој сегмент од стопанството.

Share
Прочитај повеќе

Лозарите бараат грозјето да се плаќа според шеќерни единици

– Ги утврдивме нашите предлог цени и плаќање според шеќерност. Колку повеќе малигани, повеќе пари. Така на пример за најзастепаната сорта „смедеревка“ бараме цената за најниска шеќерност од 16 малигани да се откупува по цена од 13 денари. За 17 – 13,8, за 18 – 14,6, за 19 – 15,4, за 20 -16,2, додека за највисока шеќерност од 21 малиган цената да изнесува 17,06 денари за килограм, појасни Кулев.

Share
Прочитај повеќе

Денеска ќе се исплатат преостанатите 20% субвенции за тутун на 3.828 тутунопроизводители

Денеска ќе се исплатат 235 милиони денари или близу 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од реколтата 2017, на 3.828 тутунопроизводители.
Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела.

Share
Прочитај повеќе

Од утре започнува исплатата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје и градинарски култури

Од утре започнува исплатата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитетии и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници.

Share
Прочитај повеќе