Ќе се формираат работни групи со надлежни институции од Македонија и Албанија за унапредување на трговската размена

Двајцата министри се договорија итно да се формираат работни работни групи составени од надлежните институции на двете држави, а кои што во следниот период треба да одржат состаноци на кои што ќе  отворат сите прашања поврзани со трговската размена, системот на  следливост на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското езеро.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со мерките од Програмата за рурален развој, ќе обезбедиме достоинствен живот за граѓаните од сите рурални средини

Бабовски посочи дека во фаза на акредитација за ИПАРД 2 Програмата е и новата мерка наменета само за општините  „Рурална јавна инфраструктура во вкупно 12 милиони евра на располагање и со 100 отсто на финансирање на проектите на општините.  Мерката ќе биде достапна од 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Млади до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање концесија за земјоделско земјиште

Ме радува што се повеќе млади луѓе се заинтересирани и прашуваат за слободно земјиште, и ние ќе направиме се за да им овозможиме услови, да ги вклучиме за да останат во земјава – посочи Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Пораст на платите во секторот земјоделство, шумарство и рибарство

Последните статистички податоци покажуваат пораст на платите во секторот земјоделство, шумарство и рибарство. Платите на вработените во овој сектор, односно на работниците во земјоделските производствени и преработувачки капацитети на годишно ниво се покачени за 12,5% и понатаму ќе продолжат да растат.

– Во јануари 2017 просечната плата во овој сектор изнесувала 16.730 денари, а истиот месец оваа година 18.829 денари. Тоа е покачување за 2.099 денари. Намалените трошоци и поголемите приходи значително го менуваат стандардот и го покачуваат квалитетот на животот на земјоделските работници и на земјоделците – истакна Министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ќе се обесштетат земјоделците од пролетните мразеви од 2017, утре владата ќе одлучи за износот на процентот на обесштетување

Николовски посочи дека во вторник на седница, Владата ќе донесе одлука за износот на процентот на обесштетување и веднаш потоа ќе биде реализирана исплатата. При тоа појасни дека паралелно се работи на цел систем за заштита од климатските промени како и на нов концепт за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Поголем приход во земјоделството и подобри услови за младите земјоделци

Намалување на трошоците за земјоделско производство, зголемување на приходот на земјоделците, мерки за ефикасна искористеност на парите од европските ИПАРД Програми, повисоки плати за работниците во земјоделскиот сектор, мерки за младите да останат во земјоделството – ова беа само дел од политиките што ги презентираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на трибината со земјоделци од источниот регион, што се одржа во Штип, во саботата.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Наскоро оглас за земјоделско земјиште за сточари

По деталните анализи и консултации со сточарите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на детектирање на слободни земјоделски површини и објавување на наменски оглас за сточарите.

Share
Прочитај повеќе

Децентрализација на надлежностите во земјоделството

Оваа идеја би подразбирала предавање на надлежностите во делот на прибирање на закупнина за државно земјиште и можност за поднесување барања за субвенции во секоја општина, наместо само во Подрачните единици.

Share
Прочитај повеќе

Комитет за земјоделство и безбедност на храна: Создаваме услови за профитабилно земјоделско производство

Премиерот Заев посочи дека земјоделците, сточарите и агробизнисмените најдобро знаат што е она што владата треба да го преземе за да се овозможи рентабилно земјоделство и затоа низ работата на овој комитет ќе се носат заеднички одлуки во интерес на земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Цуцулоски: Зголемена е површината под тутун во Битолско

– Оваа година сме повеќе од задоволни од динамиката на издавање на евидентни листови.  Веќе се издадени 2717, а до завршувањето на рокот за пријавување, очекуваме бројката да достигне 2800 евидентни листови -истакна Александар Цуцулоски, раководител на ПЕ Битола,  за Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе