Анѓушев: Владата ќе ги обесштети лозарите, не го покрива долгот на винариите

-Не постои друг начин освен државата да им помогне преку Програмата за субвенционирање на земјоделските производи зашто ако не го направи тоа лозарите од Тиквешкиот регион, кои останале оштетени од овие постапки, не ќе можат да ги продолжат своите активности, односно не ќе можат наново да засадат површини или да ги одржуваат веќе засадените. На тој начин ќе го нарушиме целиот процес на нивно производство, бидејќи повеќе години не успеале да ги земат своите средства – потенцира Анѓушев.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со брзи измени на Законот и одлука, државата ќе го исплати долгот кон лозарите за грозје предадено пред неколку години

– Правна можност постои и со премиерот договоривме во четврток на посебна владина седница, оваа одлука да биде донесена, пред распишувањето на изборите. Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, да се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра, рече министерот.

Share
Прочитај повеќе

Сите производители на индустриско јаболко ќе ја добијат интервентната субвенција од 3 денари за килограм

МЗШВ информира дека сите производители на индустриско јаболко што имаат поднесено потврда за дополнителни директни плаќања за интервентната субвенција од 3 денари по килограм индустриско јаболка, ќе ги добијат парите, бидејќи субвенцијата се донесе за да им се помогне на овоштарите кои поради лошите временски услови претрпеа загуби во производството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Поголема искористеност на ИПАРД фондовите значи сигурен и стабилен развој на македонското земјоделство во руралните средини

-Досега се реализирани околу 5 милиони евра инвестиции преку првиот повик од ИПАРД 2. За 129 договори веќе целосно се исплатени средствата, во вредност од 1,5 милиони евра, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски оствари средба со одгледувачите на овци

– Со развојни мерки кои ќе ги креираме заеднички со фармерите ќе го зголемиме добиточниот фонд и ќе го направиме сточарството профитабилно. Заедно со АХВ преземаме активности за утврдување на точниот број на овци, што е клучно за правилна распределба на субвенциите, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Со новата Програма за рурален развој, 20.000 евра за мерката Млад Земјоделец

МЗШВ ги зголемува субвенциите од досегашните 10.000 евра на 20.000 евра по корисник. Дополнително, се воведуваат законски измени преку кои се отстранува границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што се отвора мерката за повеќе млади луѓе.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Градиме нови партнерства, отвораме простор за нови инвестиции и извоз на македонските земјоделски производи

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во рамки на работна посета на Дубаи, Обединети Арапски Емирати (OAЕ),одржа работен состанок со министерот за климатски промени и животна средина на Обединетите Арапски Емирати, под чија ингеренција е и секторот земјоделство, dr. Thani bin Ahmed Al Zeyoudi. На средбата од страна на министерот Николовски беа презентирани политиките за справување со климатските промени, поволните услови за инвестирање во македонскиот агросектор како и можноста за извоз на македонските овошја и зеленчукови производи во Дубаи.

Share
Прочитај повеќе

Минов: Оптимист сум дека Владата ќе има волја позитивно да се реши проблемот на лозарите

– Очекувам и ги охрабрувам лозарите дека овие поставени прашања и ова мое застапување ќе продолжи се до решавање на проблемот, а јас сум оптимист дека одлуката ќе биде соопштена за денот на лозарите и за исплата на редовните субвенции пред празникот Свети Трифун, заедно со едниот денар, нагласи Минов. 

Share
Прочитај повеќе

Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата вчера ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, со цел да бидат остварени политиките за рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини;

Share
Прочитај повеќе

Николовски во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

-Денеска со Неговата Екселенција Sheikh Ahmed bin Saqr Al Qasimi и владини претставници од Ras Al Khaimah, Обединети Арапски Емирати дискутиравме за можности за соработка за увоз на овошје и зеленчук од Република Македонија како и промоција на нашите домашни вина во Ras Al Khaimah.  Договоривме и нивна посета во Македонија, заедно со бизнис заедницата, во чии рамки ќе се реализираат и Б2Б средби, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе