Утре истекува јавниот повик за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи од ИПАРД програмата

Утре, 29 јануари, истекува рокот за доставување на апликации за мерката „Инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Со овој јавен повик им се овозможува на домашните претпријатија и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ работи на изнаоѓање решение за исплата на лозарите за предаденото грозје во „Поварадие“ и „Стефанс винарија“

Во сабота (02.02.2019) во Кавадарци, министерот Николовски ќе има средба со лозарите од тиквешкиот регион, за да се разгледаат и останатите предлози на лозарите за поддршка и развој на оваа земјоделска гранка.

Share
Прочитај повеќе

Николовски во СОС Детско село: Децата се нашата иднина, секое од нив заслужува среќно и исполнето детство

Министерот Николовски ја искористи посетата да донира финансиска помош од негово лично и од името на кабинетот, односно беа донирани дел од дневниците на министрот и на кабинетот за службени патувања, за децата од СОС Детското село.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и ФАО: Потребно е формирање на Агенција за земјоделско земјиште

-На денешната средба, со претставници од ФАО, разговаравме за планираните реформи во делот на управување со земјоделското земјиште и земјишната политика. Анализите на тимот од ФАО и стручните лица од МЗШВ покажуваат дека е потребно формирање на Агенција за земјоделско земјиште за ефикасно и транспарентно управување со земјоделското земјиште, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Гази Баба и Илинден заинтересирани за мерките од ИПАРД 2 Програмата

Претставниците од Секторот за одобрување на проекти од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја презентираа деталната постапка пред АФПЗРР за користење на средства од ИПАРД 2014 – 2020 Програмата.

Share
Прочитај повеќе

39 понуди ги исполнија условите за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари

Следува електронското јавно наддавање за парцелите. Вкупниот инвестициски фонд на овие прифатливи апликации е 15,5 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020 продолжува во Валандово и Росоман

Експертите од МЗШВ и АФПЗРР во Валандово и Росоман се фокусираа на прашањата  кои се однесуваат на преработувачката индустрија и примарното земјоделство. Претставниците од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ ги претставија мерките за примарно земјоделско производство и за преработка на земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе

ЗЕЛЕНАТА НАФТА ќе пристигне до пролетната сеидба

– Кофинансирањето за почеток е 30 отсто од трошоците, но со оглед на тоа дека се работи за нова мерка што прв пат се воведува, не е исклучено овој процент да се зголеми до 50. Користењето на картичките е предвидено да биде за повеќе години. Земјоделците би можеле да ги користат во сезоните кога вистински таа нафта се употребува за конкретното земјоделско производство за кое е наменета, објаснуваат од Министерството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски оствари средба со министерот за земјоделство на Египет, со главен акцент за извоз на македонското јаболко во Египет

-Во последните години неколку египетски компании покажаа интерес за увоз на македонското јаболко. Затоа, на состанокот го отворивме и прашањето за укинување на царинската стапка од 40 % за македонското јаболко, која го прави неконкурентно на пазарот во Египет. Разговаравме и за увоз на земјоделски производи од Египет кои се атрактивни за пласман во Македонија, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Mакедонија е силно посветена на олеснување на меѓународната трговија со земјоделски производи

„Целосно сме посветени на промоцијата и зајакнувањето на регионалната соработка, бидејќи тоа ќе води кон олеснета трговија помеѓу земјите од Југоисточна Европа, за да се постигне заедничката цел односно зголемена  конкурентност на секторот за земјоделство и храна. Ова е наведено и во Декларацијата на министрите за земјоделство која што во ноември минатата година ја потпишавме во Струга и во таа насока  ќе продолжиме да бидеме конструктивен партнер во регионалниот дијалог и во сите регионални иницијативи кои ќе ја забрзаат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија. Ја користам оваа прилика да ја повикам Германија да ни помогне во скрининг процесот и сите реформи на коишто работиме во односи на земјоделството, а со цел да се доближиме до Европската Унија“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе