Земјоделците ќе добијат „зелена нафта“ од почетокот на наредната година.
-Направена е целосно методологијата врз основа на која земјоделските стопанства ќе добиваат „зелена нафта“. Со Платежната агенција се дефинираат процедурите, односно начинот како ќе биде достапна за земјоделците. Во наредните неколку недели заедно со вицепремиерот и премиерот, по затворање на отворените прашања во делот на моделот кој го тестираме бидејќи станува збор за сосема нова мерка која не постоеше досега, ќе го презентираме моделот пред граѓаните и пред земјоделците, рече Николовски.
Прочитај повеќе
