Нов закон за Фитофармација – се унапредува процесот на заштита на производите и употребата на пестид

За првпат се дозволува законска употреба на живи организми во борба со болести и штетници, како што се инсекти и други животни кои се хранат со штетниците на растенијата, а при тоа не ја загрозуваат животната средина. Се регулира и се дава можност за употреба на овие живи организми на т.н минорни култури, како магдонос, аспарагус, морков, лук.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски го презентираше Буџетот за земјоделство за 2019 година

Следната година обезбедуваме 90 милиони денари повеќе за националното кофинасирање за ИПАРД, или 150 милиони денари, за разлика од годинешните 60 милиони денари“, порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: 8,54 милијарди денари вкупна финансиска поддршка за развој на земјоделството

-Европската Унија ни сугерира малите земјоделски стопанства да ги издвоиме од сите останати, така што од следната година сите мали земјоделски стопанства до 1 хектар, а тоа се 47 отсто од сите апликанти, ќе бидат посебно третирани и ќе аплицираат по една мерка без разлика на производството, ќе имаат фиксен износ на субвенции и ќе бидат растеретени од контролите на Платежната агенција, односно контролата ќе се прави кај големите производители, и на тој начин можните манипулации ќе бидат појасно констатирани, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ќе ја подобриме сликата за земјоделските задруги во државата

Во светот во задруги вклучени се една милијарда луѓе. Секој седми жител на ЕУ е член на некоја кооперација.

Share
Прочитај повеќе

Презентиран концептот пред банките за мерката „Зелена нафта“

-Земјоделците ќе добијат зелени, дебитни трансакциски картички со посебна сметка на која ќе ги добиваат средствата, единствено за оваа намена. Целата постапка е во тек, а во наредните недели ќе го завршиме тестирањето на моделот и ќе и го презентираме на јавноста, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски денеска од Прилеп официјално го најави почетокот на откупот на тутун од реколтата 2018

-За новата реколта на тутун се склучени 4.700 повеќе договори од минатата година и зголемени се површините засадени со тутун за 387 хектари. Ова е доказ дека нашите политики за поддршка на тутунопроизводството даваат реални резултати, овозможуваат стабилно и развојно производство, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Следната година развој на земјоделството со 17 милиони евра

– Проектот за ортофото снимање во државата е завршен, при што се дигитализирани 450 илјади хектари пасишта. Ова е нова информација и ова првпат се спроведува од страна на министерството. Особено за нас се значајни пасиштата  затоа што со самото влегување во Европската унија државата ќе добива пакет средства во однос на тоа колку површина има. Затоа брзавме за таа постапка, информира Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Откупот на јаболка тече непречено, откупени 20.000 тони индустриско јаболко за само еден месец

Производителите на јаболка кои го предаваат своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, добиваат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка.
Во период од носење на мерката, односно 12 октомври, до денес се откупени 20.000 тони јаболка. Ова докажува дека мерките на Владата и МЗШВ даваат реални резултати и вистински им помагаат на земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Николовски:Зголемување од 14 на 60 милиони денари за мерката „Набавка на приплоден добиток“ во 2019 година

-Зголемување од 14 на 60 милиони денари за мерката „Набавка на приплоден добиток“ во 2019 година. Со оваа мерка ќе се обнови генетскиот потенцијал на сточниот фонд и ќе се зголеми продуктивноста на производството. За прв пат објавивме наменски оглас за државно земјоделско земјиште под закуп за производство на добиточна храна, а за следната година се планирани 600 илајди евра за колектори за струја на бачилата со овци, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ

-Тасос Ханиотис и Колин Волфи од Европската Комисија, кои беа дел од 12-от годишен работен состанок на министрите и шефовите на делегациите од Југоисточна Европа, ни потврдија дека Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ. Со нив разговаравме за отворање на поглавјата „Земјоделство и рурален развој, Фитоветеринарни политики и безбедност на храна и Рибарството“ во следниот период, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе