Земјоделците од Ранковце ќе добијат современ систем за наводнување, од Славишко поле започнува проектот за еколошки систeм

Изградбата на системот за наводнување ќе го зголеми приходот за повеќе од 3 пати, што ќе влијае на животниот стандард во општината, имено од моменталните 40 денари по хектар, би биле до 200 денари по хектар. Од друга страна, земјоделците ќе можат да извршат замена на постоечките култури во некои попрофитабилни култури со поголема додадена вредност. Системот за наводнување ќе овозможи одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето тука имаат традицијата, на начин што ќе се почуствува за целото општество“, порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Од денеска започнува сезоната за наводнување во Кочанско

Во селото Мојанци, кочанско, министерот Љупчо Николовски и директорот на АД Водостопанство, Илми Селами, ги информираа земјоделците дека каналите за наводнување се подготвени, акумулациите се со максимална акумулирана количина на вода и очекуваме успешна сезона за наводнување.

Share
Прочитај повеќе

Започна полнењето на оризовите полиња во Кочанско

Годинава со хидросистемот ќе наводнуваме околу 8.700 хектари земјоделско земјиште во Виничко, Кочанско, Штипско, Пробиштипско и Светиниколско. Од тоа околу 3.700 хектари ќе се засеат со ориз, а останатите површини се под други земјоделски култури, истакна директорот на водостопанската подружница „Брегалница“, Дени Митров.

Share
Прочитај повеќе

12 милиони евра за систем за наводнување на Дебарско поле

Со овој систем ќе се наводнуваат 2000 хектари плодно земјиште со што се очекува развој на земјоделството во овој регион, но и намалување на миграцијата на населението.

Share
Прочитај повеќе

Во Кочанско ќе се наводнуваат 3.755 хектари со ориз

Најголеми површини, по околу 300 хектари, со главната земјоделска култура во кочанскиот регион ќе се засеат во атарите на селата Облешево, Чешиново, Соколарци и Спанчево, а останатите површини се во другите села.

Share
Прочитај повеќе

Проект за наводнување на Јужната вардарска долина

Министерот Љупчо Николовски и директорот на германската кредитна банка „KfW“, за Косово и Македонија, Рене Ешеман, на вчерашниот состанок разговараа за подготовките за објавување на тендерската документација за изведба на градежните работи на системот за наводнување во Јужната вардарска долина, во делот на Валандово.

Share
Прочитај повеќе

1, 7 милиони евра за еколошки системи за наводнување

Проектот во вредност околу 1,7 милиони евра, е финансиран од Инструментот за претпристапната помош –ИПА” на Европската унија. Овој проект ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и ублажување на негативните ефекти од климатските промени.

Share
Прочитај повеќе

Рационално наводнување против климатските промени во земјоделството

За македонското земјоделско производство, наводнувањето е клучно. Пченката без наводнување е нерентабилна и дава под два тона на хектар принос, додека со наводнување приносот се зголемува за 400 до 500 проценти.

Share
Прочитај повеќе