МЗШВ: Реализираме капитални проекти

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реализира низа капитални проекти во водостопаството, со цел зголемување на наводнуваните земјоделски површини, што крајно ќе придонесе за поконкурентно и зголемено земјоделско производство.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Градежните работи за системот „Равен-Речица“ се во полн ек

-Се работи за инвестиција од 975 милиони денари, која ќе овозможи наводнување на над 3.300 хектари земјоделска површина во полошкиот регион. Во моментот се гради изливниот базен, се врши копање на каналот за цевководот и изградени се пристапните патишта до базенот и до цевководот, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Интензивно се гради хидросистемот Конско, ќе се обезбеди наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште

Во моментов во гевгелискиот регион има вода за наводнување на само 1.500 хектари. Со изградбата на три подсистеми на оваа брана ќе се наводнуваат околу 8.000 хектари плодно обработливо земјиште. Изградбата на овој хидросистем претставува најголем инфраструктурен зафат во овој регион изминативе 50 години. Висината на оваа инвестиција изнесува 40 милиони евра, обезбедени од буџетот на МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ постојано инвестира во водостопанската инфраструктура, трајно ги решава проблемите со наводнувањето и ги зголемува приносите на земјоделските стопанства

-Водата во голема мера го одредува , поттикнува или ограничува развојот. Земјоделското производство е сектор кој е директно зависен од наводнувањето. Токму затоа, управувањето, користењето, заштитата и планирањето на водните ресурси се во фокус на активностите на нашите активности како министерство, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Нови 20 милиони евра за изградба на системите за наводнување Лисиче и Јужновардарска долина трета фаза

Владата на вчерашната седница донесе одлука за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии, а кои ќе се искористат за финансирање на проекти од областа на наводнување кои ги спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Станува збор за финансиски средства по основ на доделен заем од Владата на Сојузна Република Германија, односно германската кредитна развојна банка KfW.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Системите за наводнување со години запоставувани

Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделското производство и намалување на квалитетот. Оваа година ќе исплатиме 12 милиони евра за водоснабдувањето, а следува и сеопфатна реорганизација, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со изградбата на хидросистемот Валандово, ќе се реши проблемот со наводнување во овој регион

Јавниот повик за градежни работи за хидросистемот Валандово, што е предмет на Програмата е во тек и ќе трае до 4 јули. Оваа Програма е од исклучителна важност за решавање на проблемите со наводнување во валандовскиот регион.

Share
Прочитај повеќе

Физибилити студии за мали системи за наводнување

До септември, ќе се подготват три физибилити студии за мали системи за наводнување по што ќе започне процедурата за изградба, како дел од проектот на Европската унија за мали системи за наводнување.
Во моментов во фаза на реализација се 15- тина проекти кои се финансираат преку ИПА програмите на Европската унија, а кои што се од исклучително значење за модернизирањето и развојот на земјоделството.

Share
Прочитај повеќе

Нов систем за наводнување во валандовско, објавен јавниот повик за изведувач за Програмата Јужновардарска долина втора фаза

Овој систем кој што се наоѓа во Општина Валандово покрива наводнувана површина од 2.032 хектари. Четирите пре-пумпни станици ќе обезбедат вода за 1.080 хектари во долната зона и 952 хектари во горната зона. Проектот Јужно-вардарска долина е од витално значење за земјоделството во јужниот регион и со неговата реализација долгорочно и трајно ќе се реши проблемот со обезбедување на вода за наводнување во овој регион.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК за „Програма за Наводнување на Јужната Долина на Вардар“ II фаза

ЈАВЕН ПОВИК за „Програма за Наводнување на Јужната Долина на Вардар“ II фаза. Тендерот ќе биде отворен, под еднакви услови, за сите физички и правни лица, кои учествуваат поединечно или во група (заедничко вложување) од подобните земји.

Share
Прочитај повеќе