Анѓушев: Владата ќе ги обесштети лозарите, не го покрива долгот на винариите

-Не постои друг начин освен државата да им помогне преку Програмата за субвенционирање на земјоделските производи зашто ако не го направи тоа лозарите од Тиквешкиот регион, кои останале оштетени од овие постапки, не ќе можат да ги продолжат своите активности, односно не ќе можат наново да засадат површини или да ги одржуваат веќе засадените. На тој начин ќе го нарушиме целиот процес на нивно производство, бидејќи повеќе години не успеале да ги земат своите средства – потенцира Анѓушев.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со брзи измени на Законот и одлука, државата ќе го исплати долгот кон лозарите за грозје предадено пред неколку години

– Правна можност постои и со премиерот договоривме во четврток на посебна владина седница, оваа одлука да биде донесена, пред распишувањето на изборите. Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, да се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра, рече министерот.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски оствари средба со одгледувачите на овци

– Со развојни мерки кои ќе ги креираме заеднички со фармерите ќе го зголемиме добиточниот фонд и ќе го направиме сточарството профитабилно. Заедно со АХВ преземаме активности за утврдување на точниот број на овци, што е клучно за правилна распределба на субвенциите, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Очекувам ИПАРД да стане успешна приказна со голема искористеност на европските пари

-Наследивме огромни долгови во овој дел, односно неисплатени заостанати субвенции од 2013, 2014, 2015, 2016 година, а исплаќавме средства од Програмата за 2017. Па, така, за година и пол исплативме вкупно 200 милиони евра. По програмата за директни плаќања исплативме 6,751 милијарда денари што е реализација од 99,9 проценти од вкупниот Буџет за директни плаќања, истакна Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ со поддршка за жените-земјоделки

Со цел Министертвото за земјоделство да излезе во пресрет на барањата на жените земјоделки критериумот ќе биде предмет на ревизија и во соработка со релевантните страни ќе се промени и ќе биде дефиниран согласно начелата за родова еднаквост, се вели во дописот на министерството за земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ

-Тасос Ханиотис и Колин Волфи од Европската Комисија, кои беа дел од 12-от годишен работен состанок на министрите и шефовите на делегациите од Југоисточна Европа, ни потврдија дека Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ. Со нив разговаравме за отворање на поглавјата „Земјоделство и рурален развој, Фитоветеринарни политики и безбедност на храна и Рибарството“ во следниот период, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Нови 10 милиони денари на располагање за инвестиции во инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште

Ги повикуваме сите општини кои имат потреба , во рамките на Програмата и во крајниот рок, да ги поднесат своите предлог проекти, и овие средства за капитални инвестиции ефикасно да ги искористат во унапредување на условите за живот на земјоделците како и да им ја олеснат работата на поле.“ – рече Бабовски

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Секоја инвестиција во младите е инвестиција во иднината на оваа држава

–  Целта е со самата афирмација да придонесеме кон зголемување на искористеност на самите природни капацитети на природните поенцијали на фондовите кои ни стојат на располагање. За на крај да ги ангажираме и афирмираме младите агробизнисмени младите фармери и тука сме во Влада постојано да ги поддржиме, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Од 50.000 до 80.000 евра за развој и поддршка на земјоделски задруги

Предавачите на сесијата, Драган Перич и Мирослав Ковач, како успешен пример ја претставија земјоделската задруга Златна долина од Славонија, Хрватска. Станува збор за здружување на 13 селани уште во 2001 година, со заедничка ветеринарна амбуланта, млекарница и продажен простор што освен за нивните потреби се користи и од други земјоделци.

Share
Прочитај повеќе

„Подгорка“ потпиша договор за најголемата инвестиција преку ИПАРД програмата

Финансиската поддршка во висина од 138.806.570 денари ќе биде искористена за изградба и опремување на објект со ладилник за производство, преработка, расекување и пакување на месо.

Share
Прочитај повеќе