Пониски трошоци, поекономично и поконкурентно производство се бенефитите од консолидација на земјоделското земјиште

На денешниот работен состанок, експертот за управување со земјиште и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, Мортен Хартвигсен ја потврди и помошта од ФАО за ревизија на Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, кој во моментов е нефункционален.

Share
Прочитај повеќе

Почна постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица

На овој начин, според МЗШВ, ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стоковни резерви, а воедно ќе се влијае и на постигнување солидна откупна цена на домашното жито. 
Прв пат ќе се пуштат и помали лотови на кои ќе можат да конкурираат и земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ договара вишокот домати да го откупат домашните преработувачи

Почетната откупна цена на доматите беше 25 до 30 денари за килограм, а сега е 10 до 15 денари за килограм. Со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците, МЗШВ веќе е во комуникација и договара, вишокот на домати да го откупат домашните преработувачките капацитети, наведува Министерството.

Share
Прочитај повеќе

Површините под домати преполовени

– Во пластениците се уште има домати, а нема интерес за нив. Откупната цена на квалитетните домати е 15 денари за килограм, а обвинувањата дека оваа градинарска култура се откупува за пет денари за килограм се однесуваат на неквалитетното производство, на кое местото не му е на пазарот, туку во преработувачките капацитети, вели Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани првите 13 договори за набавка на трактори од ИПАРД 2 Програмата

Денеска се потпишаа првите 13 договори од вкупно 692 потенцијални корисници на средства од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната поддршка за набавка на трактори од ИПАРД 2, е околу 5,8 милиони евра. Од нив над 1,4 милиони евра се од Националното финансирање, додека близу 4,3 милиони евра се од Европските средства. Со оваа сума ќе бидат опфатени сите што имаат комплетни апликации.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ ќе потпише меморандум за соработка во земјоделството со Хашемитското Кралство Јордан

Главна заложба ќе биде да се отстранат или намалат царинските бариери, со што македонските овошја и раноградинарски производи би се нашле на тамошниот пазар во рамноправна положба со европските.

Share
Прочитај повеќе

Вратени 17 тони македонски домат наменет за руски пазар

Руската земјоделска инспекција, при извршена контрола на увезените производи, утврдила присуство на т.н. јужноамерикански доматен молец. Руската федерација веднаш ја вратила пратката во Македонија, со цел да спречи натамошно ширење на овие штетници во нивната земја.

Share
Прочитај повеќе

Со експертиза на ФАО, МЗШВ успешно ги спроведува активностите за консолидација на земјоделско земјиште

Измените на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, кои се усвоија од страна на Собранието минатиот месец, се важен чекор кон ефикасно и транспарентно спроведување на активностите. Во моментот на терен се спроведува консолидација на земјоделското земјиште на 12-те избрани подрачја во земјата.

Share
Прочитај повеќе

Поројни дождови до крајот на неделата

Денес и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК за продажба на земјоделско земјиште под оранжерии и помошни објекти

Со откуп на земјиштето сопствениците ќе имаат можност да конкурираат за ИПАРД Програмите, со цел модернизација на капацитетите и зголемување на производството.
Понудите треба да се достават МЗШВ, во рок од 60 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Share
Прочитај повеќе