До крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во попладневните часови.
Денес и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.