Одобрен годишниот план за заштита и стопанисување со рекреативната зона Акумулација Стрежево за 2020 година

Благодарение на навременото одобрување на планот од страна на министерот, создадени се предуслови за организирање на рекреативен риболов во 2020 година, односно овозможување на вршење физичка и еколошка заштита и користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин со мерки и активности кои, во континуитет, се во функција на остварување на стратешките приоритети и цели на Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола.

Share
Прочитај повеќе

Висина на надоместок на штета нанесена врз рибите

За штета над рибите предизвикана од труење, загадување, односно прекумерно заматување на риболовните води, попречување на нивното нормално движење, како и за незаконско посегање по рибите право на отштета има концесионерот на рибите.

Share
Прочитај повеќе

Пролетните дождови го подготвија Стрежевското езеро за летната сезона

Стрежевското езеро има доволно количина вода за во текот на летната сезона да ги задоволи потребите на сите корисници од Битола и битолско. Дождовите во мај го наполнаа езерото кое достигна 95 милиони метри кубни вода.

Share
Прочитај повеќе

Вработените и риболовците заедно ја чистеа околината на Стрежевското езеро

Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена, додаваат од ЈП “Стрежево“.

Share
Прочитај повеќе

Снегот може да ја наполни браната Стрежево, планиран контролиран испуст на водата

– Снегот ќе ја наполни акумулацијата со максимална кота и за наредниот период очекуваме да почниме со планско испуштање на вода за правење на електрична енергија, односно вклучување на хидроцентралите. Кога ќе достигне акумулацијата 95 милиони тогаш плански ќе ја испуштаме водата за да можеме да ја заштитиме Пелагонија од поплави, вели МЕНДЕ ГРАМАТКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈП „СТРЕЖЕВО“.

Share
Прочитај повеќе

„Стрежево“ заштитник од поплави во Пелагонија

Досега акумулирани се 87 милиони метри кубни вода, или три четвртини од капацитетот. Анализите велат дека овој и следниот месец дотоците ќе бидат зголемени. Ќе продолжиме со прибирање на водите, но ќе внимаваме и на безбедносниот аспект, велат од менаџерскиот тим.

Share
Прочитај повеќе