Владата ќе обезбеди дополнителна субвенција за лозарите

Владата ќе обезбеди дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите вранец и смедеревка. Дополнително, со годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, лозарите кои имаат од 1 до 10 хектари лозје, ќе добијат наместо 40.000 денари 48.000 денари  по хектар за одржување на насади.

Share
Прочитај повеќе

Стопанската комора очекува пониски откупни цени на тутунот

Комората го поздравува изготвувањето на новиот закон за тутун и очекува негово што поскоро донесување. Со ова законско решение, напомена Ристовски, ќе се решат горливите проблеми во тутунската индустрија, а и Македонија ќе биде прва земја во ЈИЕ што ќе го регулира овој сегмент од стопанството.

Share
Прочитај повеќе

Тутунарите бараат субвенциите да се исплаќаат по килограм тутун, а не по класа

Тутунопроизводителите од под плачковичките села во Карбинскиот регион бараат да се врати стариот модел на субвенционирање со линеарна исплата за предадените количини тутун, без разлика на класа.

Share
Прочитај повеќе

До 15 јули ќе се откупат околу 500 тони домати

-Како ресорно министерство и во следниот период ќе го следиме откупот на домати и ќе делуваме континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно, истакна министерот Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Наша цел е зголемен развој на производството на млеко и млечни производи

-Наша цел како министерство е да овозможиме поддршка за развој на производството на млеко и млечни производи, сектор што има сериозен придонес во исхраната, вкупното земјоделство и економскиот развој во Република Македонија, – рече Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Од денес се поднесувуваат барања за субвенции за предадено млеко – втора фаза

Денеска започна рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2018 година и ќе трае до 15 јуни 2018 година, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. 

Share
Прочитај повеќе

Денеска ќе се исплатат преостанатите 20% субвенции за тутун на 3.828 тутунопроизводители

Денеска ќе се исплатат 235 милиони денари или близу 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од реколтата 2017, на 3.828 тутунопроизводители.
Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела.

Share
Прочитај повеќе

Од утре започнува исплатата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје и градинарски култури

Од утре започнува исплатата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитетии и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници.

Share
Прочитај повеќе

Пријавување субвенции за млеко уште денес и утре

Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат до 23-ти мај во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

Share
Прочитај повеќе

Повеќе мерки за органските производители

Овој месец треба да биде распишан и оглас за неповратни 70 милиони денари поддршка за младите фармери, а при доделувањето на средствата предност ќе имаат органските производители.

Share
Прочитај повеќе