Гоце Георгиевски еден од можните наследници на Николовски во МЗШВ

Повеќе медиуми веќе го објавија името на Гоце Георгиевски, актуелниот советник на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. 
Веќе неколку дена кружат неколку имиња од кои засега најголем впечаток како најдобро решение за МЗШВ остава Гоце Георгиевски.

Share
Прочитај повеќе

Презентација на проектот за изработка на анализи за изградба на откупно-дистрибутивни центри

На Факултетот за земјоделски науки и храна денеска ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Изработка на анализи за спроведување на инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри“ – Осврт на производството, откупот и трговијата со зеленчук и овошје.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците очекуваат од 30 до 40 отсто зголемени приноси со „капка по капка“

Од 30 до 40 отсто зголемени приноси, поголема апсорпција на ѓубрива, пониски трошоци и поконкурентно производство ќе добијат 43 земјоделци кои аплицирале за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“. Со оваа мерка, која е дел од Програмата за рурален развој 2018, предвидени се вкупно 20 милиони денари кои ќе им се враќаат на земјоделците по реализација на инвестицијата. Кофинансирањето ќе изнесува од 50 до 75 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Започна потпишувањето на договорите за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на системи капка по капка

Од денеска започна потпишувањето на 43 –те договори за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи  дека преку оваа мерка се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на различна опрема потребна за инсталирање на системите за наводнување капка по капка, но и услуги за изведување на градежни работи, инсталирање на опремата, како и за изработка на елаборати и техничка документација.

Share
Прочитај повеќе

Објавена најавата за нов јавен повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објави најавата за јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата. Согласно процедурите од Европската унија,  во овој триесет дневен подготвителен период на сите оние земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат, а ги исполнуваат условите, им се дава можност да ја  подготват потребната документација за аплицирање на новиот повик.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделец понудил 100 милијарди евра за три хектари земја

За да добие државно земјиште од три хектари на јавно наддавање, земјоделец понудил дури 100 милијарди евра! Неговата понуда била избрана како најповолна и му било понудено да потпише договор со државата. Но, договорот тој никогаш не го потпишал. Земјиштето останало обраснато во трева. При тоа, со ваквата негова несериозна постапка, овој понудувач спречил ова земјиште да го добие некој кому навистина му требало за работа. „Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот“, рече Љупчо Николовски, Министер за земјделство.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Oстануваме силно фокусирани на производството на домашна пченица

Дополнително, земјоделците коишто употребуваат сертифициран семенски материја и имаат површини од 5 до 50 хектари ќе добиваат субвенција во висина од 14.400 денари по хектар. Употребата на сертифициран семенски материјал е и еден од начините за одржливост на производството на житни култури во услови кога климатските промени изминатите години нанесуваат сериозни штети врз земјоделското производство.

Share
Прочитај повеќе

Зголемен е бројот на жени кои се занимаваат со пчеларство

Пчеларите велат дека и покрај снемувањето на пчелите, бројот на нови одгледувачи на пчелни семејства расте. Посебно е зголемен бројот на пчелари од понежниот пол. Дамите повеќе се фокусираат на производство на поленов прав, млеч и прополис, производи кои ги користат младите мајки за зголемување на имунитетот кај децата.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ги преземаме сите мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

Од оваа година за прв пат и Република Северна Македонија се вклучи во одбележување на Светскиот ден на пчелата. По тој повод, денеска министерот Љупчо Николовски присуствуваше на манифестацијата организирана од Сојузот на пчеларски здруженија, а поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На денешниот Светски ден на пчелата, целиот свет се потсетува на важноста на пчелите за животната средина и се испаќаат пораки за заштита на пчелите.

Share
Прочитај повеќе