Љупчо Николовски: Сo субвенции за осигурување и мерки за заштита од град, го штитиме родот на земјоделците

Продолжуваме и натаму да се грижиме за вас земјоделци, да ве следиме во работата на терен и да реагираме со добри мерки кои ќе ви донесат сигурност во производството и поголем профит.

Share
Прочитај повеќе

Историски ден за македонското земјоделство-доделени првите картички за „Зелена нафта“

-Единствен услов да се користи картичката е да имаат аплицирано за субвенции за 2018 година. Методологијата односно пресметките се правени на основа на претходната година а земена како основа е вкупната површина и во зависност од која култура ја имаат. Субвенцијата најпрво ќе биде 30 проценти со тенденција да се зголеми до 50 отсто од малопродажната цена на горивото, истакна министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Интервју со Љупчо Николовски за сите досегашни успеси и новите предизвици

-Изминатите две години ми беше голема чест да ја извршувам функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и особено ми е драго што започнавме и реализиравме многу крупни проекти, важни за развојот на земјоделството. Од новиот министер очекувам и му порачувам, успешно да ги продолжи започнатите мерки и проекти, подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ, и секако да ја продолжи отворената комуникација со земјоделците и со сите чинители во секторот, затоа што само така може да создадеме модерно и конкурентно земјоделство кое ќе биде стожер на нашата економија, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Македонските вина можат да се промовираат во Хрватска, надминат е проблемот за пласман на пазарот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, изминатиот период имаше интензивни работни средби со амбасадорката на Република Хрватска во РСМ, Данијела Баришиќ, а беше испратено и писмо до хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ.  Сега, вината со потекло од Република Северна Македонија ќе можат да се рекламираат и промовираат во Република Хрватска. Ова е од големо значeње за винарските визби, бидејќи Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделски форум: „Организирано земјоделство до сигурен пласман“

-Зборував за мерките што во таа насока ги презема МЗШВ, како и идните чекори кои заеднички ќе ги преземеме за поттикнување на договорното производство и развој на овој значаен сектор. Особено ми е драго што земјоделството веќе бележи нагорни трендови и почнува да станува вистински двигател на економијата, истакна министерот Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Битола доби пари за четири проекти преку Програмата за рурален развој

Во наредниот период во Општина Битола ќе се гради делот од Зелениот  градски пазар каде се продава бижутерија и цвеќе, ќе се реконструира патот за Маловишта, ќе се реконструира и патот за селото Буково, а ќе се прави и  парк во село Лопатица. Ова се четирите  проекти за кои Општина Битола доби пари  преку Програмата за рурален развој.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со 202 капитални проекти изработени од 80 општини и 8 Плански региони, создаваме услови за подобар и достоинствен живот

-Со 202 капитални проекти изработени од 80 општини и 8 Плански региони, создаваме услови за подобар и достоинствен живот за граѓаните во сите општини во државата, истакна министерот Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Потпишани 318 договори за јавниот повик за давање на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари

-Со овие договори доделуваме 600 хектари земјоделско земјиште за локации за коишто самите земјоделци поднесоа понуди каде што има слободна земја, истакна Николовски. 
Со јавните повици од овој тип се придонесува за зголемување на обработливите земјоделски површини и се става во функција цело необработено земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

Се одржа првиот конститутивен состанок на Советот за земјоделство и рурален развој

Во овој совет членуваат претставници од високообразовните и научните институции, земјоделски здруженија, стопански комори, локални самоуправи и сите други чинители во секторот земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Сериозен раст од 13,6% во првиот квартал годинава бележи секторот земјоделство, шумарство и рибарство

-Сериозен раст од 13,6% во првиот квартал годинава бележи секторот земјоделство, шумарство и рибарство. Ова е доказ дека носиме добри политики, кои даваат одлични резултати, истакна министерот Љупчо Николовски. 

Share
Прочитај повеќе