Три земји го држат речиси целиот извоз на пенливи вина од ЕУ

Вести Винотека Лозарство

Во 2017-та година земјите-членки на Европската унија извезле 809 милиони литри пенливо вино, објави европската статистичка служба „Евростат“. 61% од извозот, или 494 милиони литри, бил наменет за други земји членки на Унијата.

Доминира извозот од три земји-членки на ЕУ – Италија, Франција и Шпанија, кои заедно имаа удел од 91%. Извозот на пенливи вина на Италија минатата година изнесувал 367 милиони литри, или 45% од вкупниот извоз на Унијата. Франција извезе 184 милиони литри, или 23%, а Шпанија – 183 милиони литри, или околу 23%.

По овие три земји се Германија со 31 милиони литри, или 4%, и Латвија со 10 милиони литри, или 1%.

Во исто време ЕУ се извезени 315 милиони литри во 2017-та година за земјите надвор од Унијата. Извозот бил наменет главно за САД (127 милиони литри, или 40% од вкупниот извоз на пенливи вина надвор од ЕУ), потоа следат Русија (32 милиони литри, или 10%), Јапонија (26 милиони литри, или 8% ), Швајцарија (20 милиони литри, или 6%), Канада (14 милиони литри, или 4%) и Австралија (13 милиони литри, или околу 4%).

Во 2017-та година земјите-членки на ЕУ имаат увезено 7,4 милиони литри пенливо вино од земји надвор од Унијата. Околу половина од увозот е дојден од две земји – Австралија (1,9 милиони литри, 25%) и Јужна Африка (1,7 милиони литри, 23%). Други значајни земји увознички биле Чиле (1,1 милиони литри, 15%), Нов Зеланд (0,6 милиони литри, 8%), Аргентина, САД и Молдавија (по 0,4 милиони литри, или 5%).

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *