Успешно заврши поднесувањето на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година

Вести

Успешно заврши поднесувањето на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. До петок, (31- ви јули 2020), до кога беше и последниот ден за пријавување на земјоделците, барање за добивање на финансиска поддршка во земјоделството поднеле 65.554 земјоделци.

Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и оваа година успешно го реализираа процесот за поднесување на барањата. Во следниот период следува обработка на пристигнатите барања за субвенции и исплата на субвенции според предвидените рокови во Програмата за директни плаќања за 2020 година.

Аплицирањето за субвенциите се одвиваше електронски. И здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ од Битола, пријавуваше субвенции за своите членови. 

Во Општина Битола, заедно со Општина Могила и Општина Новаци, поднесени се рекордни 4900 апликации и тоа 150 барања повеќе од минатата година.

Во овој период се поднесуваа барања за субвенции за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, за сточарско производство, односно оние земјоделци кои одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи, за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *