МАЗЗ објави три огласи за вработување: Проектен координатор, проектен асистент и финансиски асистент

Вести Огласи

Македонската асоцијација на земјоделски задруги МАЗЗ објави три огласи за вработување на Проектен координатор, проектен асистент и финансиски асистент

ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Опис на работното место

Работната позиција опфаќа спровeдување на проектот на територија на Република Северна Македонија, вклучително и комуникација со сите земјоделски задруги, засегнати страни и партнерски организации. Проектниот/та координатор/ка најблиску ќе соработува со Претседателот на МАЗЗ, членовите на Управниот одбор и со Генералниот секретар на асоцијацијата.

Главни задачи и обврски

А. Проектна координација:

  • целосна координација на проект финансиран од Цивика Мобилитас програмата и спроведување на активностите територија на Република Северна Македонија,
  • подготовка на краткорочни и долгорочни планови за реализација на проектните задолженија,
  • подготовка на периодични и финални наративни извештаи,
  • тесна комуникација со одделот за финансии при подготовка на финансискиот извештај,
  • градење и одржување на комуникација со земјоделските задруги, партнерските организации и донаторот на проектот,
  • учество во следењето и оценувањето на проектното спроведување и навремено прилагодување на активностите,
  • осигурување дека активностите придонесуваат за остварување на проектно зацртаните цели,
  • развивање, подготовка и поднесување на предлог проекти кај разни донатори.

Останати задачи и обврски

  • учество во планирањето и подготовката на периодичните и годишните
    извештаи за состојбата со земјоделските задруги и земјоделието во
    Македонија,
  • редовна комуникација со останатите вработени и ангажирани во
    организацијата и учество на редовните и вонредните состаноци на тимот,
  • асистирање при планирање, подготовка и реализација на активности на самата
    чадор организација,
  • присуство на состаноците на организацијата доколку има потреба.

Општи услови

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен/на;
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • Најмалку диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС
  • најмалку 2 години релевантно искуство во спроведување на проекти
  • финансирани од ЕУ или други донатори
  • обемно искуство и напредно познавање на проектниот менаџмент.

Вештини и компетенции

  • способност за работа во разнолика средина,
  • способност за индивидуална и тимска работа,
  • напредно познавање на устен и пишан работен англиски јазик,
  • одлични комуникациски и вештини за презентација,
  • напредни организациски и вештини за раководење со време,
  • вештини за разрешување на конфликти,
  • способност за работа под притисок и во предизвикувачка околина.

Работно време

Работната недела е составена од 5 работни дена со вкупно 40 работни часа, најчесто од понеделник до петок, од 9 до 17 часот. За оваа позиција може да има потреба од прекувремена работа, флексибилно работно време и чести патувања надвор од Скопје.

Договор за работа

Со избраниот/та кандидат/ка Македонската асоцијација на земјоделски задруги ќе склучи договор за вработување на определено време за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување до времетраење на проектот. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата.

За работното место е предвидена месечна бруто плата од 30.000,00
денари.

Рок и потребни документи за аплицирање

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на македонски јазик. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени најмалку 2 референци и контакт податоци во однос на работното искуство.

Апликациите да се достават на следната електронска адреса:
mazz@mazz.mk најдоцна до 05.08.2020 година, до 15:00 часот.

При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција за која се аплицира. Нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид при изборот на кандидатот/ката.

Постапка за избор на кандидат/ка

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Секоја ненавремена и нецелосна апликација од кандидатот/ката нема да биде земена предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од
степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас.

Ќе бидат контактирани најквалификуваните кандидат/ки кои ќе бидат избрани во потесен круг, по што најдобрите кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран/а кандидат/ка и со Одлука за ангажирање на избран кандидат од УО ќе му/и биде понудена работната позиција почнувајќи од 15.08.2020 година.

ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ

Опис на работното место

Работната позиција опфаќа асистирање при спровeдување на проектот на територија на Република Северна Македонија, вклучително и комуникација со сите земјоделски задруги, засегнати страни и партнерски организации. Проектниот/та асистент/ка
најблиску ќе соработува со, Проектниот Координатор и со Генералниот секретар на асоцијацијата.

Главни задачи и обврски

А. Проектна координација:

  • Асистирање при координација на проект финансиран од Цивика Мобилитас програмата и спроведување на активностите територија на Република Северна Македонија,
  • Помош при подготовка на краткорочни и долгорочни планови за реализација на проектните задолженија,
  • тесна комуникација со одделот за финансии при подготовка на финансискиот извештај,
  • градење и одржување на комуникација со земјоделските задруги
  • учество во следењето и оценувањето на проектното спроведување и навремено прилагодување на активностите,
  • осигурување дека активностите придонесуваат за остварување на проектно зацртаните цели,

Останати задачи и обврски

  • учество во планирањето и подготовката на периодичните и годишните извештаи за состојбата со земјоделските задруги и земјоделието во Македонија,
  • редовна комуникација со останатите вработени и ангажирани во организацијата и учество на редовните и вонредните состаноци на тимот,
  • асистирање при планирање, подготовка и реализација на активности на самата чадор организација,
  • присуство на состаноците на организацијата доколку има потреба.

Општи услови

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен/на;
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • Најмалку диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС
  • најмалку 2 години релевантно искуство во спроведување на проекти финансирани од ЕУ,
  • искуство и познавање на проектното работење.

Вештини и компетенции

  • способност за работа во разнолика средина,
  • способност за индивидуална и тимска работа,
  • напредно познавање на устен и пишан работен англиски јазик,
  • одлични комуникациски и вештини за презентација,
  • напредни организациски и вештини за раководење со време,
  • способност за работа под притисок и во предизвикувачка околина.

Работно време

Работната недела е составена од 5 работни дена со вкупно 40 работни часа, најчесто од понеделник до петок, од 9 до 17 часот.

За оваа позиција може да има потреба од прекувремена работа, флексибилно работно време и чести патувања надвор од Скопје.

Договор за работа

Со избраниот/та кандидат/ка Македонската асоцијација на земјоделски задруги ќе склучи договор за вработување на определено време за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување до времетраење на проектот.

Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата. За работното место е предвидена месечна бруто плата од 24.000,00 денари.

Рок и потребни документи за аплицирање

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на македонски јазик. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени најмалку 2 референци и контакт податоци во однос на работното искуство.

Апликациите да се достават на следната електронска адреса: mazz@mazz.mk најдоцна до 05.08.2020 година, до 15:00 часот.

При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција за која се аплицира. Нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид при изборот на кандидатот/ката.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Секоја ненавремена и нецелосна апликација од кандидатот/ката нема да биде земена предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Ќе бидат контактирани најквалификуваните кандидат/ки кои ќе бидат избрани во потесен круг, по што најдобрите кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран/а кандидат/ка и со Одлука за ангажирање на избран кандидат од УО ќе му/и биде понудена работната позиција почнувајќи од 15.08.2020 година.

ОГЛАС ЗА СОРАБОТНИК ЗА ФИНАНСИИ И АДМИНИСТРАЦИЈА НА ЗМАЗЗ

Опис на работното место

Соработникот за финансии и администрација подготвува исплати поврзани со проектот во согласност со Финансискиот и Административниот ЕУ водич и целосните процедури и правилници на ЗМАЗЗ, води евиденција на комплетната финансиска документација и трошоците по буџетските ставки, подготвува финансиски извештаи и се грижи околу книговодственото работење на организацијата. За таа цел, потребно е соработникот за
финансии и администрација да го следи македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди како и да учествува во организација и спроведување на ревизија на деловното работење на организацијата.

Соработникот за Финансии и Администрација мора да биде лице кое ќе ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи на работење.

Општи услови

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен/на;
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • Најмалку диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС во областа на економијата или останати општествени области;
  • напредно познавање и разбирање на релевантната финансиска законска и институционална рамка во РепубликаСевернаМакедонија;
  • познавање на сметководствениот и даночниот систем во земјата;
  • најмалку 3 години искуство во финансиски менаџмент;
  • познавање од методи и техники за економска анализа;
  • многу добро познавање на англискиот јазик;
  • MS Windows, MS Office компјутерски вештини.

За предност ќе се смета

  • Искуство во водење на финансии во меѓународни проекти
  • Лиценца за овластен сметководител;

Работно време

Соработникот за финансии и администрација ќе работи во канцеларијата на ЗМАЗЗ 20 часа неделно.

Договор за работа

Со избраниот/та кандидат/ка Македонската асоцијација на земјоделски задруги ќе склучи хонорарен Договор за работа со времетраење од 3 месеци, односно до 15.11.2020 година, со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 20 часа неделно. Взаемните права и обврски ќе бидат уредени со Договорот.

За работното место Соработник за Финансии и Администрација е предвиден бруто надоместок од 15.000 денари.

Рок и потребни документи за аплицирање

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на македонски јазик. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени најмалку 2 референци и контакт податоци во однос на работното искуство.

Апликациите да се достават на следната електронска адреса:
mazz@mazz.mk најдоцна до 05.08.2020 година, до 15:00 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција за која се аплицира. Нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид при изборот на кандидатот/ката.

Постапка за избор на кандидат/ка

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Секоја ненавремена и нецелосна апликација од кандидатот/ката нема да биде земена предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од
степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Ќе бидат контактирани најквалификуваните кандидат/ки кои ќе бидат избрани во потесен круг, по што најдобрите кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран/а кандидат/ка и со Одлука за ангажирање на избран кандидат од УО ќе му/и биде понудена работната позиција почнувајќи од 15.08.2020 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *