„Везе Шари“, „Лекер“ и „Јона пиле“, доделија награди за најуспешните земјоделци за 2021

Вести

Во нашата држава има многу примери на успешни бизнис-приказни во земјоделското производство.

Таков е примерот на компанијата „ВЕЗЕ ШАРИ“, чија приказна започнала во 2000 година и успешно трае до ден денешен.

Од мала фарма за еднодневни пилиња до кокошки несилки, денес оваа компанија има широко распостранета своја дистрибутивна мрежа и врши извоз на јајца во земјите од ЕУ и за воените сили на НАТО.

Компанијата низ годините, континуирано растела и развила уште две кoмпании: преработувачкиот капацитет ЛЕКЕР, наменет за производи од пилешко месо и „ЕЛЕКТРО ШАРИ“ – компанија за производство на биогас и електрична енергија.

На Манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ за 2021 година, „Везе Шари“ и „Лекер“, доделија 10 пакети од својата палета на производи за 10-те најдобри земјоделци кои добија признание оваа година. Нивниот најнов продукт „Јона пиле“, се дегустираше за време на вечерата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *