(Видео) Хоџа: Тука сум секогаш кога земјоделците имаат вистински проблеми, додека јас го водам Министерството, политика во земјоделството нема да има

Вести

 

„Генерализирање на лозарите мислам дека не е коректно и не е во ред. Ако незадоволство имале одредени политичари и градоначалници за тоа што не им успеа тоа што го планирале, мене навистина ми е жал за нив зашто сакаат да ја употребуваат маката на лозарите за да придобијат политички. Јас сум во постојана комуникација со лозарите. Ништо од тоа што сме го ветиле не е надвор од рамките што сме ги разговарале. Точно е дека разговарав со винарските визби за да имаат повисока цена и тоа многу поголема од ланската реколта и точно е дека поголемите винарски визби го почитуваат тоа. Има и такви кои не го почитуваат и затоа свикав состанок.

Поголемиот дел од винарските визби не се почнати со откуп и затоа не ми е сфатливо да може на самиот почеток на откупот да се направи обид за да се профитира политички врз грбот на лозарите. Кажав и на почеток, кажувам и сега, додека јас го водам Министерството политика во земјоделството нема да има, нема да се делат не само лозарите туку и сите други во политички бои, а жал ми е што одредени политичари тоа се уште не го сфатиле и се обидуваат да придобијат уште еден мандат за градоначалник на мака на лозарите.

Мене ми е жал бидејќи сепак градоначалникот на Кавадарци го ценам како мој пријател и не ми беше многу јасно што беше сликата и што се случуваше. И тој ден бев постојано во комуникација, со моја ургенција беа примени во раководството на Тиквеш лозарите, пратениците, за да можат да разговараат. После тој разговор почнат е откупот, но изгледа тоа не им одговараше на поединци, целта им беше друга и повторно го прекинаа откупот, го направија тоа што сите го видоа по медиумите, а во вчерашниот ден тие што имаа добро грозје тие што имаа грозје што беше договорено го предале своето грозје и мислам дека непречено ќе се одвива се и оставам дека ова ќе биде само мал дел од целокупниот откуп што се одвива, а јас очекувам и уште еднаш повторувам, врз информациите што ги имам од терен и врз основа на квалитетот на грозјето оваа година, мислам дека нема да остане ни килограм грозје, а очекувам после среда и останатите винарски визби освен овие што веќе откупуваат на договорената цена 11 денари за смедеревка, односно 13 за вранец и другите да се придржуваат на тоа.

Ние будно ја следиме ситуацијата, внимателно и ако има дополнителни потреби за да издејствуваме како држава, но нормално, моја работа како министер и на мојот тим е да може да воспоставиме ред меѓу откупувачите и лозарите, да не треба секоја година државата да одвои огромни средства за една гранка. Доколку е потребно ќе го направиме, но кога не е потребно, нема да дозволиме преку обиди како што беше тоа завчера, да може да се профитира политички од страна на поединци.“, одгорови министерот Хоџа на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод посетата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Црна Гора, г-дин Александар Стијовиќ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *