(ВИДЕО) Мевмед Џемајлоски – „Најуспешен Агробизнисмен за 2021 година за Развој и модернизирање на производството и користење на ИПАРД средства“

Вести

Бизнисменот Мевмед Џемајлоски од компанијата „Подгорка“ од Струга доби признание за „Најуспешен Агробизнисмен за 2021 година за Развој и модернизирање на производството и користење на ИПАРД средства“ од здружението „Современо земјоделство“. Во своето обраќање пред присутните, Џемајлоски им се заблагодари за признанието на организаторите, „Современо земјоделство“ и „Агротим“, особено заради нивната можност да ги забележат „сите оние кои што се трудат да направат нешто добро за државата, да направат нешто добро за овој народ, за сите коишто се трудат заеднички да излеземе на правиот пат“.

„Сакам да се заблагодарам и на премиерот Зоран Заев, на претходниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски и претходниот директор на платежната агенција, Николче Бабовски, за несебичната поддршка и соработка за искористувањето на средствата од Европските Фондови, од ИПАРД фондовите кои се навистина голема поддршка, голема помош, голема можност… за сите оние кои имаат идеи и планови и сакаат да ги реализираат. Овие средства можат да се рализираат исклучиво со помош на институциите, на Владата.

Дел од тие средства, треба да бидат помош од Владата, односно 30 проценти во мојата инвестиција се од Владата. Се надевам и посакувам дека и сегашниот министер за земјоделие и директорот на платежната агенција и сите останати дека ќе им помагаат на сите оние кои што имаат идеи и планови за реализијација на ваквите средства, бидејќи тие на нас чекаат, на оние кои што се храбри. Може да се аплицира, не чекајте, пробајте да ги искористиме сите средства, тоа е за наше добро“, порача Џемајловски.

„Подгорка“ е еден од водечките дистрибутери на територијата на Македонија за млечни производи, замрзнати и свежи говедски производи, замрзнато пилешко месо, конзервирани производи и замрзнат зеленчук.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *