Викендов ветровито со услови за дожд и снег, од понеделник постудено

Вести

​ Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец и од попладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, на планините за снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од четири до 18 степени.

Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *