Висина на субвенции за одгледување пчелни семејства за 2022 година

Вести

Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година што се однесува за одгледување пчелни семејства.

2.18. Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 20 регистрирани презимени пчелни семејства;

-Висината на директните плаќања изнесува 700 денари по пчелно семејство;

-Задолжително одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 30.11.2022 година.

2.19. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.18. за пчелни семејства вклучени во селекција за
производство на пчелни матици

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели и се одобрени институции (одгледувалишта на пчелни матици);

-Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *