Влада: Обезбедени 915 милиони денари за земјоделците, надомест за штетите на пчеларите од Демир Хисар

Вести

На вчерашната владина седница во Битола, е разгледана и усвоена информацијата за спроведувањето на активностите за поддршка на приватниот сектор од страна на Центрите за развој на планските региони – Регионални бизнис центри.

Владата го разгледа и утврди новиот текст на Предлог – законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците и донесе одлука тој биде  доставен на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа седница е усвоена Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, според која со ребалансот на буџетот на Република Северна Македонија се предвидени нови 915 милиони денари за исплата на финансиски средства на земјоделците.

Со овие средства ќе се изврши исплата на земјоделските стопанства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и тоа за единствените барања по површина за производителите на полјоделски, градинарски, лозарски, овоштарски култури, како и исплата по грла на сточарите и тоа за говеда, овци, кози, свињи, живина и пчелни семејства.

Обезбедени се пари и за исплата на производители на градинарски производи кои своите производи ги имаат предадено во преработувачки капацитети, како и за откупена пченица од род 2018 година од домашно производство. Во измената предвидени се и финансиски средства за исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко кое е предадено во периодот јануари заклучно со април 2018 година. До крајот на годината ќе бидат исплатени производителите на јаболка за произведено и предадено јаболко кај откупувачи, како и производителите на свињи кои ќе аплицираат за под-мерката за депопулација на свињите.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за барањето на одгледувачите на пчели од регионот на Демир Хисар и ги задолжи Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, да достават соодветно решение за исплата на 36 баратели на финансиска поддршка за под-мерките за пчеларство од регионот на Демир Хисар, заради штетите настаните кај пчелните заедници во овој регион.

24info.mk

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *