Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“

Вести

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4″.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов.

Бескаматната кредитна линија „КОВИД 4″, проектирана на 10 милиони евра, е дел од шестиот пакет антикризни мерки. Предвидува грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори: туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови рабтни места и ги зголемат приходите.

Во април годинава Владата ги задолжи Кабинетот на Битиќи и Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да ги преземат неопходните чекори за операционализација на оваа мерка.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *