Во Берово утрово најстудено, дневната температура во земјава денеска од 9 до 15 степени

Вести

Најстудено утрово е Берово со измерени два степена под нулата, а најтопло во Гевгелија со 9 степени во 7 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Нула степени се измерени во Скопје – Петровец, 1 степен во Крива Паланка и Маврово, два во Крушево, Лазарополе, Куманово и Штип, 3 степени во Битола, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Попова Шапка и Прилеп, 4 во Виница и Струмица, 6 степени во Тетово, 7 во Охрид и Претор, 8 во Дојран.

Поголема облачност утрово се задржа на југозападот и особено на истокот од земјава, соопштува УХМР. Претежно во посеверните делови остана ведро, а утринава е сончево. На крајниот југоисток, во Гевгелија и Дојран, има појава на дожд. Некаде по котлините утрово има магла.

За денеска Управата прогнозира сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови ќе има зголемена ниска облачност и услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје наутро магливо, а преку денот сончево со променлива облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат пониски, а утринските на места ќе се спуштаат и под нулата.

May be an image of text that says "ден четврток (11.11) петок (12.11) време сабота (13.11) недела (14.11) ветер понеделник (15.11) променлив 1 до 7 мин.тем. °C) мак.тем. °C) 2до4 до променлив 10 до 15 -2 до 11 до 17 0до6 6 11 до 18 до 7 10 до 18 8 до 15"
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *