Времето денес сончево и топло со температура до 33 степени

Вести

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 25 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната до 33 степени.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *