ЈАВЕН ПОВИК за прибирање барања за финансирање за земјоделски производители на храна од неживотинско потекло

Вести

Согласно програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 31/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање на барања за финансирање за земјоделски производители на храна од неживотинско потекло од Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година

I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22), раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 34 – Рурален развој, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 17.500.000 денари кои ќе се користат за доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од неживотинско потекло.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства:

– запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството) и

– се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од неживотинско потекло, согласно Правилникот за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата кои треба да се исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики за храна од растително потекло (Службен весник на РСМ 152/2020) во Агенцијата за храна и ветерина (во натамошниот текст: Агенцијата)

За докажување на условите кои треба да се исполнат за учество на јавниот повик, кон Барањето (Прилог 1) корисниците задолжително треба да ги достават следните документи:

1. За правни лица:

• тековна состојба издадена од Централниот регистар не постара од еден месец;

• доказ од Централен регистар на Република Северна Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка не постар од еден месец;

• доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки не постар од еден месец;

• изјава заверена на нотар дека не користел средства од други извори за иста намена и активности наведени во барањето што би значело двојно финансирање на истите намени и активности од различни извори (Прилог 2)

• деловен план (Прилог 3);

• понуда/профактура за планираната опрема (минимум три понуди од различни понудувачи за истиот тип на наведени планирани трошоци во деловниот план) и

• договор за користење на услуги од стручни лица (доколку барателот предвидува користење на таква услуга), освен во случај кога правното лице има вработен технолог

2. За физички лица:

• копија од важечка лична карта;

• доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки не постар од еден месец;

• изјава заверена на нотар дека не користел средства од други извори за иста намена и активности наведени во барањето што би значело двојно финансирање на истите намени и активности од различни извори (Прилог 2)

• деловен план (Прилог 3);

• понуда/профактура за планираната опрема (минимум три понуди од различни понудувачи за истиот тип на наведени планирани трошоци во деловниот план) и

• договор за користење на услуги од стручни лица (доколку барателот предвидува користење на таква услуга).

Проверката во регистарот на Агенцијата и регистарот на Министерството, по службена должност ја врши комисијата за постапување по поднесените барања за доделување на финансиска поддршка.

Право на учество немаат субјектите кои се регистриани со пчелни семејства во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството и се регистрирани како производители на мед и производи од мед во Агенцијата за храна и ветерина, субјекти регистрирани како производители на вино во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и субјекти кои се евидентирани како производители на пиво и жестоки алкохолни пијалаци во регистрите на Царинската Управа.

III. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 25 дена од денот на објавување на јавниот повик. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

IV. ВИСИНА НА НЕПОВРАТНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

– трошоци за набавка на опрема за производство на храна(доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или

– трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

V. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Финансиската поддршка согласно овој јавен повик и Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година (во натамошниот текст: Програмата), се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка, дадено во прилог на овој јавен повик. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот. Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата.

Барањето заедно со документите од делот II на овој Јавен повик се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „за јавен повик прибирање на барања за финансиска поддршка за земјоделски производители на храна од неживотинско потекло од Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година“.

Барањето, деловниот план и изјавата за двојно финансирање, за неповратната финансиска поддршка од Програмата, се во прилог на повикот и може да се обезбедат преку веб страната на министерството : www.mzsv.gov.mk.

Приложената документацијата не се враќа.

VI. ПОСТАПКА И НАЧИН НА ИЗБОР

За постапување по поднесените барања за доделување на финансиска поддршка поднесени согласно овој јавен повик и програмата, од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство се формира Комисија, составена од претседател и четири члена и нивни заменици (еден претседател од редот на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, двајца членови и нивни заменици од редот на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и двајца членови и нивни заменици од Агенцијата за храна и ветеринарство). По пристигнување на поднесените барања согласно рокот утврден во делот III на овој јавен повик, комисијата ќе пристапи кон проверка на доставените барањата по истекот на рокот за поднесување барања. Потоа комисијата со записник го утврдува точниот бројот на пристигнати барања и утврдува колку баратели доставиле комплетна и навремена документација.

За барателите кои доставиле комплетна и навремена документација согласно Програмата и јавниот повик, комисијата ја проверува формалната исправност на барањата и документите и изготвува записник за избор на корисници. Во рамките на овој записник се изготвува Листа на баратели по јавните повици, кои ги исполниле условите за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата и имаат уредна и комплетна документација подредени согласно рокот на доставување на комплетно барање врз основа на принципот „прв дојден, прв услужен“ во која е содржан и прифатливиот износ за финансиска поддршка.

Барателите кои не доставиле уредна, комплетна и навремена документација и кои не ги исполнуваат условите од програмата нема да бидат наведени во листата од овој дел и ќе бидат известени дека барањето им е одбиено.

Конечната одлука за распределба на средствата ја донесува министерот со Решение, на предлог на Комисијата, а врз основа на листата на баратели од овој дел.

Средствата за финансиска поддршка се доделуваат врз основа на склучен договор од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со секој корисник поединечно, за одобрените средства наведени во листата на баратели кои ги исполниле условите за доделување на финансиска поддршка, почнувајќи од првиот барател на листата па редоследно до исцрпување на средствата предвидени со Програмата.

Министерството, согласно Програмата, во случај кога искористеноста на средствата на еден од јавните повици не е целосна, средствата можат да бидат искористени за другиот јавен повик доколку по истиот има поднесено повеќе барања од расположливиот буџет.

Одобрените средства во вкупниот износ се исплаќаат авансно на сметката на корисникот согласно рокот утврден во потпишаниот договор.

Корисниците на средствата по исплатата на финансиската поддршка согласно склучениот договор треба да ја набават опремата за производство на храна и/или да ангажираат стручно лице (технолог за производство на храна), согласно роковите утврдени во деловните планови и договорот.

Корисниците на средствата до Министерството доставуваат Извештај за реализација на деловниот план пропратен со финансиски документи за извршени плаќања во рок од 45 дена од набавката на опремата од денот на потпишувањето на договорот за доделување на неповратна финансиска поддршка, како и други докази предвидени со договорот.

За навремена подготовка на апликациите за  грантот  до  10.000 евра можете да  контактирате на  телефонските  броеви

076/280-300 ,   075/619-032  Или пишете ни на   е-mail  info@sovremenozemjodelstvo.mk

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *