Забрана за риболов на риболовни ревири и рекреативни зони за 2021 година

Вести

Започна забраната за лов на одредени видови риба на риболовните ревири во земјава.

Така, од 15 мај до 30 јуни важи забраната за лов на клен, бела мрена, црна мрена на Гостиварскиот ревир, Вардар 1. Од 5 мај до 5 идниот месец важи забраната за лов на клен Тетовскиот ревир, Вардар 2, додека бела мрена и црна мрена е забрането да се лови од 15 мај до 30 јуни оваа година. На Скопскиот ревир, Вардар 3, исто бела и црна мрена не смее да се лови од 15 мај до 30 јуни, додека попадиката не смее да се лови од 5 мај до 15 јуни.

Инаку целосно се забранува риболовот на делот на реката Треска од браната Матка до вливот во река Вардар во периодот од 1 октомври 2021 година до 31 јануари идната година. Во Велешкиот ревир, Вардар 4, во тек е забраната за лов на сом до 31 овој месец. Во Неготинскиот ревир, Вардар 5 забраната важи до доделување на концесија, додека во Демиркапискиот ревир Вардар 6 од 15 ноември оваа година до 15 февруари идната година важи забрана за лов на пастрмка, додека трајна забрана важи за златен карас и лињак.

На сливот на реката Пчиња, Кумановски ревир Пчиња 1, од 5 мај до 15 јуни важи забраната за лов на попадика, крап и клен, додека до 30 јуни е забрането да се лови бела мрена. Од први до 30 јуни важи забраната за лов на црна мрена. Во Скопскиот ревир Пчиња 2, за сите станати видови на риба важи забраната до 20-ти овој месец , додека на рекреативната зона Бадар (Езерата) забраната важи само за сом и крап, а за останатите видови на риба нема забрана за риболов. За Крива Река 1 Кривопаланечки ревир забраната важи целосно се до доделување на концесија. На Кратовско-кумановски ревир Крива Река 2, до 15 јуни важи забраната за попадика, крап, клен, и бела мрена додека за црната мрена забраната е од 1 јуни до 30 јуни оваа година.

На сливот на реката Треска, Кичевски ревир Треска 1, забрана до 15 јуни оваа година има за лов на клен, бела мрена, црна мрена, бојник и попадика. На Бродскиот ревир, Треска 2 забраната важи целсоно се до доделување на концесија.

На сливот на реката Брегалница на риболовниот ревир Брегалница, Винички има забрана за ловење на крап до 1 јуни оваа година, на бела мрена до 30 јуни, од 31 мај до 30 јуни на црвеноперката, додека на Злетовска Река забраната важи се до доделување на концесија.

На сливот на реката Црн Дрим и слив на Охридско Езеро, риболовен ревир Црн Дрим 1 до 15 јуни важи забрана за лов на клен и крап, Црн Дрим 2 , до 30 јуни важи забраната за црна мрена, од 15 ноември оваа година до 31 јануари 2022 година важи забраната за пастрмка, а за крапот од 20 мај до 20 јуни оваа година.

На сливот на Охридското Езеро забраната важи сè до доделување на концесија.

На сливот на Црна река 1 Демирхисарски ревир, до 30 мај важи забраната за лов на сом, а до 5 јуни забрана има за попадика, црвеноперка, писа, клен, крап, додека за белата и црната мрена забраната за лов важи до 30 јуни оваа година. Трајна забрана има за златен карас и лињак. За Прилепскиот ревир на Црна река забраната важи до доделување на концесија. За Мариовскиот ревир забрана од 1 октомври оваа година до 31 јануари следната година има за пастрмката, во тек е забраната до крајот на месецов за лов на сом, а до 5 јуни трае забраната за лов на попадика, црвеноперка, клен, крап, до 10 јуни за писа и до 30 јуни за бела и црна мрена. За златниот карас и лињак има трајна забрана.

На сливот на реката Струмица, Струмица 1 и Струмица 2 има целосна забрана се до доделување на концесија.

Во рекреативните зони на Преспанското и Охридско Езеро има целосна забрана се до доделување на концесија.

На акумулацијата Глобочица, забрана за пастрмка од 1 октомври до 31 јануари 2022 година, бојник до 15 јуни оваа година, клен и крап до 5 јуни 2021 година, црна мрена до 30 јуни и плашица од 20 јуни до 30 јули 2021 година.

На акумулацијата Козјак, забраната за лов на пастрмка важи од 31 октомври 2021 до 31 јануари 2022 година, до 15 јуни важи забрана за попадика, крап, црвеноперка, бела мрена, црна мрена.

На акумулацијата Глажња има забрана за црна мрена, крап и клен до 15 јуни 2021 година, од 1 во октомври 2021 до 31 јануари 2022 важи забраната за пастрмка, додека за останатите видови на риба кои не се опфатени со риболовната сезона не се предвидува забрана.

На акумулацијата Липково пастрмка не смее да се лови од 1 октомври оваа година до 31 јануари идната година. До 15 јуни важи забраната за клен, крап и црвеноперка, додека до 30 јуни не смее да се лови црната мрена. До 15 јуни важи забрана за лов на писа и попадика, за лињакот има трајна забрана.

На акумулацијата Мавровица до 4 јуни важи забрана за крап и клен и трајна забрана за лињак и амур.

На акумулацијата Градче забрана за лов на пастрмка ќе има од 1 октомври 2021 до 31 јануари 2022 година, до 15 јуни има забрана за клен, крап и црвеноперка.

На акумулацијата на Тиквешко Езеро има целосна забрана за сите видови риби освен освен за видовите сребрен карас, лигле, американско сомче и сончарка до 30 мај.

На акумулацијата Паљурци забрана за лов на риба има до 15 јуни за крап, до 1 јуни за клен и писа и лињак, додека без ограничување е за сребрениот карас.

На акумулацијата Стрежево забраната за пастрмка важи од 1 октомври до 31 јануари 2022 година, додека до 15 јуни важи забраната за клен, крап, црвеноперка, сом, додека целосна забрана има за лињак и златен карас.

На акумулацијата Мантово до 30 јуни важи забраната за црна мрена, крап и лињак, додека до 31 мај важи забрана за сом, костреш, клен, писа, плотица и црвеноперка.

На акумулацијата Калиманци до 31 мај забрането е да се лови сом, црвеноперка и клен, до 30 јуни крап и лињак, а забраната за лов на пастрмка важи од 1 октомври 2021 до 31 јануари 2022 година.

На акумулација Младост до 31 мај важи забрана за лов на крап, кле, црвеноперка, костреш, смуѓ, сом, лињак и златен карас.
Забраната за ловење до доделување на концесија важи за следните акумулации: Матка, Конче 1 и Конче 3, Турија, Ратево, Водоча и Акумулација Кршевска.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *