Завршен настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“

Вести

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), поддржан од UN Women, денеска организира завршен настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“.

На настанот ќе се презентираат наодите од истражувањето и препораките од проектот чија цел е да го поддржи развојот и планирањето на земјоделските и политиките за рурален развој во земјава, како и да придонесе за долгорочно зајакнување на жените во земјоделството преку родово-одговорно креирање политики.

-Настанот има за цел да поттикне размена на знаење и искуства меѓу засегнатите страни и креаторите на политиките, да отвори нови можности за зајакната соработка и да поттикне идни интервенции за зајакнување на жените во земјоделскиот сектор.

Ќе се презентираат наодите од истражувањето и препораките кои произлегуваат од резултатите базирани на доказите добиени со примена на соодветна методологија за пресметување на Индексот на зајакнатост на жените во земјоделството, ризик и временски преференции на жените во земјоделството (економски експеримент), родова анализа на програмите и мерките за поддршка на земјоделството и руралниот развој и ефектот на мерката 115 врз зајакнување на жените во земјоделскиот сектор, се наведува во најавата.

Воведни обраќања ќе имаат деканот на ФЗНХ, Вјекослав Танасковиќ, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин и раководителката на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија Весна Ивановиќ-Кастаред, а најавени се обраќања и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и на заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *