Жетва на пченицата

Вести Совети

Со оглед на важноста на жетвата, како дел од технолошкиот процес на производството, треба да се превземат сите мерки за да се минимизираат загубите за време на процесот на жетва на пченицата.

Пред самата работа со комбајнот, треба да се проверат сите работни делови, правилно да се подмачкаат сите точки кои се за подмачкување подмачкување и добро да се затгне таму каде што е потребно. Препораката на експертите е дека комбајнот најпрво се испробува напразно, а потоа влегува во жетва. Не би требало да се започне жетва со полн замав, туку постепено да се зголемува обемот на работа. Од исклучително значење е да се обрне внимание на губитоците за време на жетвата, затоа неопходно е да се следи работата на косата и вилите од комбајнот. Доколку во сламата има зрна жито, комбајнот мора да се запре и да се прилагоди. Од навремена и квалитетна жетва во голема мера зависи и квантитетот и квалитетот на пченицата.

Ако жетвата се прави после целосна зрелост, загубите во квалитетот на родот се големи. Загубите се должат на осипување на зрното од жито и квалитетот поради различни биохемиски процеси (дишење) и физички процеси (испарување на хранливи материи од житото).

Повеќегодишните истражувања покажуваат дека најдобро време за жетва на пченицата е при крајот на фазата на целосна зрелост, односно кога содржината на вода во житото е 21-24%. Во оваа фаза, можна е жетва само ако постојат сушари за сушење на житото. Оваа фаза на зрелост е најдобра од аспект на приносот и квалитетот на житото.

Доколку не постојат услови за дополнително сушење на зрното, тогаш жетвата се врши во фазата на полна зрелост со 14-15% од водата во житото, при што најбрзо дреба да се изврши жетвата. За време на жетвата, треба да се води грижа и за созревањето на пченица, најпрво треба да се соберат оние сорти кои најрано созреваат. Исто така, при жетвата предност имаат оние сорти кои се поосетливи на осипување. Процесот на собирање треба да се направи што е можно побрзо, бидејќи пченицата брзо преминува во презреана сосотојба, а притоа доаѓа до значајни загуби во приносот.

Пченицата е подготвена за складирање кога има до 14% влага. Содржината на влага во житото се определува на денот на жетвата со помош на мерач на влажност. Со мерачот на влага се одредува количината на вода во житото изразена во процент од вкупната маса на зрното.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *