Услови и потребна документација за користење средства од ИПАРД, мерка 7 – „Инвестиции во услуги за руралното население“

Вести

Eдна од главните цели на мерката 7 од ИПАРД 2 програмата, е поттикнување на вработувањето преку создавање на нови и задржување на постојните работни места, со што зголемува нивото на економска активност во руралните средини, се подобрува квалитетот на живот и се намалува руралната депопулација.

 

  • Развивање на не-земјоделски микро и мали претпријатија кои се базираат на локални ресурси и кои се поврзани со подобрување на квалитетот на живот во руралните средини;
  • Промовирање на претприемништвото во руралните средини

За таа цел посебно ќе се осврнеме на приоритетниот сектор од Мерка7, кој овозможува полесно остварување на овие цели, а тоа е приоритетниот сектор 6 „Инвестиции во услуги за руралното население“.

Во овој сектор спаѓаа спаѓаат следните дејности:

 Услуги за поправка и одржување;
• Услуги за теренско (пејсажно) уредување;
• Услуги за грижа на домашни миленичиња;
• Услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн);
• Услуги за дневно згрижување на деца;
• Обука и образовни центри за било која професија, хоби или целна самонадградба, спорт и рекреација, услуги за поддршка на образование, информатички центри;
• Кино, локална радиодифузија, локална телевизија.

I. Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1500 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €

III. Прифатливи трошоци

  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување.

IV Локација на прифатлива инвестиција

Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина во согласност со „Листата на рурални средини”.

V. Листа на потребни документи

Покрај основната документација потребна за апликација за ИПАРД, мерка 7, сите апликанти за овој ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 6 – РАЗВОЈ НА УСЛУГИ ЗА РУРАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ, треба да ги достават и следните дополнителни документи:
1. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА, ИЛИ
– ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ПРОМЕНА НА ОСНОВАЧ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА
2. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА УСТАНОВА ЗА
СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ГРИЖА НА ДЕЦА, ИЛИ
– ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ПРОМЕНА НА ОСНОВАЧ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ГРИЖА НА ДЕЦА
3. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА
– ЕМИТУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА РАДИО ПРОГРАМА, ИЛИ
– ЛОКАЛНА ТЕЛЕВИЗИСКА ПРОГРАМА

VI. Документи кои Агенцијата ги прибавува по службена должност за приоритетен сектор 6

  • ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ НА УСТАНОВА ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА СТАРИ ЛИЦА
  • РЕШЕНИЕ ЗА ДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ОСНОВАЊЕ НА ПРИВАТНА УСТАНОВА ЗА
    СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА СТАРИ ЛИЦА
  • ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ НА УСТАНОВА ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕЦА
  • РЕШЕНИЕ ЗА ДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ОСНОВАЊЕ НА ПРИВАТНА УСТАНОВА ЗА
    СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА
  • ДОЗВОЛА ЗА РАДИО ЕМИТУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИ СЕРВИС НА ЛОКАЛНО НИВО И/ИЛИ
  • ДОЗВОЛА ЗА ТЕЛЕВИЗИСКО ЕМИТУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИ СЕРВИС НА ЛОКАЛНО НИВО
  • РЕШЕНИЕ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА УСТАНОВА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОСЕБНИ ПРОГРАМИ
    ЗА СТЕКНУВАЊЕ ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ
  • ЛИЦЕНЦА ЗА МЕЃУОПШТИНСКИ И ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ
  • ДОЗВОЛА ЗА МЕЃУОПШТИНСКИ И ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ
  • РЕГИСТРИРАН ВОЗЕН РЕД ЗА МЕЃУОПШТИНСКИ И ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 2 се очекува да биде објавен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Целосните информации ќе ги има откако ќе излезе повикот, но генерално ова се основните информации за Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *