10.000 евра со Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност

Вести Огласи

Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад
земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност
преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување
на ново земјоделско стопанство.

КОРИСНИЦИ

Потенцијални корисници за Mерка 112 Помош на млади земјоделци за
започнување на земјоделска дејност се носители на земјоделско стопанство
упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност
со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:

Физички лица:

– Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство
вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на
земјоделска дејност;
– Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се
стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и
инвалидско осигурување;
– Носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како
дополнителна дејност;
– Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
– Трговско друштво – регистриран согласно Закон за трговски друштва.

КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ
Критериуми кои треба да ги исполни барателот пред поднесување на
барањето се следните:
– Барателот да е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40
години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот
на земјодeлското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.
– Барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот
на запишување на промената на носителот на земјоделското стопанство
или воспоставување на новото земјоделско стопанство во Единствениот
регистар на земјоделски стопанства.
– Подносителот на барањето да има минимум средно образование од
областа на земјоделството или поминато обука за здобивање на
квалификации за земјоделска дејност освен во случај кога деловниот
план предвидува потреба од обука.
– Подносителот на барањето да е носител на земјоделското стопанство и
– Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и
мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.

ВИСИНА НА ПОДДРШКА
Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до
600.000,00 денари.
Согласно член 92, став 11 од Закон за земјоделство и рурален развој,
неповратна финансиска поддршка и финансиската помош може да се
додели во вид на авансна исплата во висина до 40% од вредноста на
одобрените прифатливи трошоци.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Напомена:
– Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за ист
тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на финансиска
поддршка за мерката 112 Помош на млади земјоделци за започнување на
земјоделска дејност
– Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерката 112 Помош на
млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност, од програмите за
финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не
можат да бидат корисници на оваа мерка.
– Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план
предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа
мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и
ветеринарство по реализација на инвестицијата.

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР HA КОРИСНИЦИ

Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за
користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 112. Барателите
кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на
финансиска поддршка, се рангираат со бодување согласно подолу
прикажаната табела. АФПЗРР ќе склучи договори во рамките на
расположливите средства.

Најголем број на бодови што може да ги добие корисникот за помош на млади
земјоделци за започнување со земјоделска дејност е 100 бода.

За да биде прифатлив, корисникот за помош на млади земјоделци за
започнување со земјоделска дејност треба да добие најмалку 50 бода.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МЕРКА 112

 

Доколку ги исполнувате условите, експертите на ЗЗ Современо Земјоделство ви стојат на располагање за изготвување на Деловен план и целосно електронско аплицирање за финансиските средства.

info@sovremenozemjodelstvo.mk

075/619-032

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *