Земјоделците од Ранковце ќе добијат современ систем за наводнување, од Славишко поле започнува проектот за еколошки систeм

Изградбата на системот за наводнување ќе го зголеми приходот за повеќе од 3 пати, што ќе влијае на животниот стандард во општината, имено од моменталните 40 денари по хектар, би биле до 200 денари по хектар. Од друга страна, земјоделците ќе можат да извршат замена на постоечките култури во некои попрофитабилни култури со поголема додадена вредност. Системот за наводнување ќе овозможи одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето тука имаат традицијата, на начин што ќе се почуствува за целото општество“, порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Унапредување на соработката во земјоделската област со Иран

Станува збор за брошура со сите потребни информации за потенцијал на земјоделско производство и мапа на локации за инвестирање во откупно дистрибутивни центри. Брошурата ќе ги содржи сите инструменти на финансиска поддршка од страна на државата, како и админстративна поддршка за заинтересираните инвеститори.

Share
Прочитај повеќе

Велковски: Поевтино гориво за 54.000 земјоделски семејства

Мерката со која се помагаат земјоделските стопанства е во висина од 50% од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство. Финансиската поддршка која ќе биде обезбедена од Буџетот на Република Македонија ќе биде во висина од 310 милиони денари годишно.

Share
Прочитај повеќе

АХВ заплени и уништи 300 килограми небезбедна храна во нерегистриран објект во Кочани

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленување и уништување на околу 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки, пирошки, јајца) затекнати при инспекциската контрола во објект кој не е одобрен и регистриран од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Share
Прочитај повеќе

Се донесе законот за консолидација на земјоделско земјиште

Собранието усвои измени и дополни на пет закони во областа на земјоделството. Станува збор за законите за земјоделство и рурален развој, за ловство, за рибарство и аквакултура, за консолидација на земјоделско земјиште и за семенски и саден материјал за растенија. Сите овие измени на закони се од исклучително значење за развојот на земјоделството, а од кои главна придобивка ќе имаат земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Пченицата добро се развива

Јачменот и пченицата се во одлична фаза, а болести нема. Има предуслови дури и за рекордни приноси, доколку на почетокот на мај заврне дожд кој ќе донесе од 10 до 15 литри на метар квадратен. Ова се однесува особено за површините каде се применуваат агротехничките мерки и каде што прихраната и заштитата против болести се завршени, велат експертите.

Share
Прочитај повеќе

Во март забележан раст на трговијата со храна, пијалоци и тутун

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун  има зголемување номинално за 9,6 отсто, а реално за 5,2 отсто, во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво зголемување номинално за 8,2 отсто, а реално за 5,2 отсто и кај трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 8,9 отсто, а реално за 5,6 отсто. 

Share
Прочитај повеќе

Рокот за субвенции се продолжува до 12 јуни, за млекото до 23 мај

– Со оглед дека Уредбата за директни плаќања 2018 ги опфаќа сите мерки за субвенции, но и со цел сите земјоделци да имаат еднакви можности и пристап за аплицирање, овој пролонгиран рок важи за мерките за финансиска поддршка за сите земјоделски гранки. Воедно, рокот за аплицирање за субвенции за литар продадено млеко во октомври, ноември и декември 2017 година, наместо до 16 мај, ќе се продолжи до 23 мај, истакнува Министерството.

Share
Прочитај повеќе

Објавен огласот за закуп на земјоделско земјиште во Џумајлија

Во огласот за закуп истакнати се 907 хектари од некогашниот комбинат Џумајлија а во следните неколку недели ќе има оглас и за нови 11.000 хектари земјоделско земјиште како и посебен оглас за закуп на земјиште за сточарите.

Share
Прочитај повеќе