Златните придобивки на тиквичката

Спектарот на нутритиенти кои ги обезбедуваат тиквичките е прилично импресивен. Имено, тиквичката е извонреден извор на манган и витамин Ц, а е добар извор и на магнезиум, витамин А, калиум, прехранбени влакна, фолна киселина, фосфор, бакар и витамин Б2.

Share
Прочитај повеќе

„Прилепска пиварница“ за половина година продала пива и сокови за 13,85 милиони евра

За првите шест месеци годинава пиварницата има приходи од продажба поголеми за 10 отсто односно за 1,21 милиони евра во споредба со лани. Според податоците се гледа дека производите на „Прилепска пиварница“ се омилени на македонските потрошувачи. Дури 13,61 милиони евра се приходи од продажба остварени на домашниот пазар. Оперативните расходи за првото полугодие се 13,7 милиони евра и во споредба со истиот период лани се повисоки за 1,9 милиони евра. 

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК за учество во пилотни активности за диверзификација и подобрување на ефикасноста на земјоделските стопанства во Македонија

Повикот се однесува на земјоделски стопанства производители на тутун кои имаат сопствено или земјиште во владение и би сакале доброволно да земат учество во проектните активности, поточно во рамките на активноста 3.

Share
Прочитај повеќе

Тим од МЗШВ на средба со заменик амбасадорот на Руската Федерација, двете страни се согласни да се најде решение за временото ограничување за извоз

Со цел надминување на проблемите настанати со временото ограничување на извоз на коскесто овошје во Руската Федерација, вчера се одржа состанок во амбасадата на Руската Федерација, на кој што присусуствуваа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и г-дин Константин Берсенев, заменик амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија.

Share
Прочитај повеќе

50 грла добиток и механизација изгореа во пожар во Старо Коњарево

Четириесет крави, десет телиња, трактор, огревно дрво и друга земјоделска механизација изгореле во три објекти синоќа во селото Старо Коњарево, општина Ново Село.

Share
Прочитај повеќе

Државниот инспекторат за земјоделството одзеде вкупно 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица

На ден 14.08.2018 година од страна на овластени лица од ДИЗ извршена е вонредна контрола на потегот над с.Калишта и с.Радожда. При тоа во водите на Охридското Езеро кај с.Калишта во различити правци од риболовната вода биле затекнати 13 физички лица распоредени во 7 кајчиња, кои што се движеле и поседувале недозволен риболовен алат (висечи, летечи-лебдечки) мрежи.

Share
Прочитај повеќе

Жалфијата – исплатлив агро бизнис

До 3000 евра може да се заработи по хектар од жалфија, а ако се засади во стакленици, профитот е неколку пати повисок. 
Производството на лековити билки придонесува побрзо и полесно да се заработи за разлика од некои други земјоделски производи. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски постојано остварува непосредни средби со граѓаните на терен

-Нашите заложби како министерство веќе се во тие насоки за поедноставување на процедурата за аплицирање на ИПАРД и усогласување на законите со земјите членки на ЕУ, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Работиме на континуирано и навремено чистење на одводните канали и речни корита во секоја општина

Чистењето на овој канал е од исклучително значење за Романовце, со цел да се спречи појава на поплави кои се случуваа изминативе години, но и од здравствен безбедносен аспект, затоа што има фекалии, а токму покрај него поминуваат децата од ова село кога одат во училиште. Ова акција ја спроведува подржуницата на АД Водостопанство, односно подружницата Кумановско-Липковско поле, во соработка со МЗШВ. Нафтата за машините е обезбедена од Владата на Република Македонија, а машините се купени од инвестиционата Програма на МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Срамно и недозволиво е несреќен случај да се користи за политички манипулации со јавноста

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најостро ги осудува и демантира информациите изнесени на поратлот Курир.мк, а во врска со сообраќајната несреќа на лицето Н. Б вработено во кабинетот на МЗШВ. Лажни и невистинити се информациите дека лицето патувало надвор од работно време, а манипулаторски се прашањата дали лицето имало дозвола за управување со возилото и дали случајот е пријавен во МВР.

Share
Прочитај повеќе