Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување на овошни насади, вклучително и за насадите со јаболка

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка, и порано пд рокот кој го бараа овоштарите.

Share
Прочитај повеќе

Државата обезбедува пензија и за оние без работен стаж

Законот за социјална сигурност на постари лица стигна во Собрание и за него ќе се гласа по скратена постапка. Со него е пропишано државната социјална пензија да изнесува 6.000 денари месечно или (96,7 евра) и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот.
Сите граѓани на Северна Македонија постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со УХМР активно работиме на подобрување на метеоролошкиот систем во државата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера учествуваше на информативните денови на Европската организација за експлоатација на метеоролошките сателити „ЕУМЕТСАТ“, за земјите од западен Балкан. На конференцијата беа презентирани можностите за користење на сателитските метеоролошки податоци од страна на националните метеоролошки служби.

Share
Прочитај повеќе