Исплатени над 40 милиони субвенции за над 80.000 земјоделци, продолжува грижата за вистинските земјоделците

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците. Од почетокот на годинава па до денес, исплатени се вкупно 40.5 милиони евра за субвенции во кои се опфатени над 80 илјади земјоделци.

Share
Прочитај повеќе

Агрометеоролошка прогноза за периодот после 29.03.2019 година

Предупредување: Во утринските часови од петок кон сабота, се очекува намалување на температурата, се препорачува на земјоделските производители да превземат соодветни мерки за заштита.

Share
Прочитај повеќе

Во Лозово ќе се гради кафилерија, мршите веќе нема да завршуваат на депонии

-Засега е планирано од нус-производите да се добиваат високоеенергетски масла кои ќе се искористат за добивање енергија. Нашата цел како Агенција е да го запазиме еколошкиот дел и да стекнеме увид во состојбата со болестите. Затоа и инсистираме на воспоставување ваков систем – собирање, дистрибуција, преработка и искористување, потенцира директорот.

Share
Прочитај повеќе

Ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен за дијагностицирање на бруцелозата

Споро течат активностите за вадење на крв од овците за дијагностичко испитување на бруцелозата, оцени на состанокот директорот Атанасов и побара од првиот човек на Комората во наредниов период ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен со цел сточарите да можат да го запазат законскиот рок за аплицирање за добивање на субвенции.

Share
Прочитај повеќе

Во февруари спроведени 4997 инспекциски контроли

За извоз на храна од животинско потекло официјалните ветеринари издале 231 сертификат, а инспекторите за храна издале 338 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло. Минатиот месец, уништени се вкупно 8.507 килограми небезбедна храна од животинско потекло, од кои официјалните ветеринари со контролите уништиле 1.419 килограми, а самите оператори како небезбедни поништиле 7.088 килограми храна од животинско потекло.

Share
Прочитај повеќе

Анѓушев: Инвестицијата во фотоволтаични централи се исплаќа за пет до осум години

Кочо Анѓушев: Едно е да се градат фотоволтаични централи на државно земјиште. Предвидено е 25 мегавати во Свети Николе и десет мега вати во Македонски брод. Околу триесетина до триесет и пет илјади евра ќе чини приклучокот за еден мегават. Инвеститорите ќе имаат право да ја продаваат електричната енергија на слободниот пазар, а дополнително и да ја понудат на откупувач. Втората опција е да се градат на сопствено земјиште. И едните и другите кај државата ќе аплицираат за премиум, што е претходно утврден, а ќе можат да аплицираат сите што ќе ги исполнат условите.

Share
Прочитај повеќе

Имотно правните спорови меѓу фирмите да се решаваат и со арбитража

Бизнисот побара од Владата при склучување на договор за јавно – приватно партнерство во  клаузулата на договорот да ја стават и арбитражата како можност за решавања на евентуален спор доколку некоја од страните не го почитува договореното. Стопанството смета дека се потребни и измени на Законот во однос на решавање на предметите поврзани со имотно правните спорови и за нив да се применува арбитражата се со цел побрзо и подобро решение.

Share
Прочитај повеќе

Стартува првиот подготвителен проект од Зелениот климатски фонд

“Како акредитиран субјект за Зелениот климатски фонд, со широки познавања и искуство со ЗКФ низ целиот свет, ФАО има чест и задоволство да соработува со Кабинетот на Вицепремиерот за економски прашања и сите национални партнери за заедничка имплементација на овој важен проект кој ќе ги постави темелите на националните иницијативи за адаптација кон и ублажување на климатските промени преку идни проекти финансирани од Зелениот климатски фонд”, додаде Чадиковска.

Share
Прочитај повеќе