Работна средба во МЗШВ за состојбата со откупот на јагне

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со својот тим и со посебната советничка за земјоделство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска, имаше работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагне за состојбата со откупот.
-Се очекува откупот да тече непречено, а ние како ресорно министерство ќе ја следиме состојбата и нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци да имаат загуба од нивниот производ, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Се усогласуваат санитарните и фитосанитарните сертификати за олеснување на трговијата во рамки на ЦЕФТА

Во својство на годинешен претседавач со Поткомитетот за земјоделство во рамки на ЦЕФТА, денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, го отвори Третиот состанок на ад хок екпертстката група за електронска размена на податоци во областа на земјоделството, санитарните и фитосанитарните мерки. Со претставници од ЦЕФТА Секретаријатот и делегатите на состанокот се разгледа работниот план за имплементација на електронската алатка за управување и следење на трговијата со животни, производи од животинско потекло, храна од животинско и неживотинско потекло , семиња, репродуктивен материјал, производи од органско потекло и дрва.

Share
Прочитај повеќе

Малините – одличен агро бизнис

Станува збор за инвестиција од околу 10.000 евра за еден хектар која всушност е двојно помала затоа што може да се искористи државна субвенција за подигнување нови овошни насади која е 50% од инвестицијата. Toa значи дека реалното вложување чини 5.000 евра. Од првата берба која е година и половина од садењето на малините, ако се одгледува како што треба, ќе има род од околу 20 тони. Тие 20.000 килограми ако се продадат по цена од едно евро, колку што беше ланската цена, изнесува 20.000 евра. Од оваа сума околу 6.000 евра се за берачите, а останатите 14.000 евра се чиста заработка затоа што државата го субвенционира и одржување на самите насади.

Share
Прочитај повеќе

Вработените и риболовците заедно ја чистеа околината на Стрежевското езеро

Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена, додаваат од ЈП “Стрежево“.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларството во подем, станува семеен бизнис

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство финансиски ги поддржува одгледувачите на пчели. Во деловите на органското производство оваа мерка е 50 отсто повеќе. Стратегија на Владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е јасна, ќе го поддржуваме максимално пчеларството, рече Цветковиќ.

Share
Прочитај повеќе

Трговците ветуваат пласман без проблеми на пролетната зелка

-Ако се суди по сегашните цени, кога пролетната зелка се продава за 50 денари за килограм на мало, тогаш треба да очекуваме добра сезона, смета Коце Божиков, производител на пролетна зелка од селото Дабиле.

Share
Прочитај повеќе

Како да дресирате овчарско куче?

Овчарското куче, мора да го има вниманието на сопственикот да биде послушно, поврзано и лојално. Ова значи дека фармерот мора да помине време со него, да го води низ имотот и да ја запознае територијата. Исто така, многу е важно овчарското куче да ги знае границите на имотот и територијата што ја чува. Влегувањет во имотот на други сопственици, не е пожелно. Причините се: може да дојде до опасност, да биде нападнато, да изеде отров или некој отпад и да се отруе и слично. Овчарското куче, не е Ваш миленик, туку соработник на фармата.

Share
Прочитај повеќе