Димковски: До крајот на месецот ќе се поделат првите картички за “зелена нафта”

И најмалите земјоделци односно и оние кои имаат 0,2 хектари земја нема да останат без субвенционирана нафта. Најнискиот износ кој ќе биде на една картичка е 500 денари а додека највисокиот износ е исто така лимитиран и ќе биде до 100.000 денари. Преку оваа мерка допринесуваме значително да се намалат производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Средствата за оваа Мерка во висина од 200 милиони денари се обезбедени а со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. 

Share
Прочитај повеќе

Државниот инспекторат за земјоделство во контроли кај компаниите што откупуваат пченица, откупната цена е од 9 до 10,5 денари

Државниот инспекторат за земјоделство спроведе контроли на компаниите коишто вршат откуп  и преработка на пченица од реколтата 2019-та. Инспекторите од ДИЗ извршија контроли во шест откупни компании во Велес, Свети Николе, Кочани, Кривогаштани и Битола. При контролите е утврдено дека компаниите имаат објавено откупна цена и истата се движи од 9 до 10,5 денари за килограм во зависност од класите дали е прва, втора или трета класа. 

Share
Прочитај повеќе

Шекеринска и Димковски: Со ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 до рентабилно земјоделско производство и развој на руралната економија

„Ваквите успешни примери, покажуваат дека земјоделците ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови и инвестираат во модернизирање на сопственото производство, и знаат дека на крајот тоа ќе им се исплати. Со можноста којашто ја нуди оваа мерка од ИПАРД, за инвестиции во набавка на механизација, ќе се придонесе за рентабилно производство преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделските производи“, изјави министерот Димковски, додавајќи дека освен преку оваа мерка, намалувањето на производствените трошоци ќе се постигне и со мерката за кофинансирање за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Share
Прочитај повеќе

Искористеноста на европските средства за рурален развој достигнува 30 отсто

– Наближуваме до 30 проценти искористеност од 80 милиони евра кои се предвидени во овој програмски период, со тоа што течат обработките на 1099 апликации кои се однесуваат на модернизирација на земјоделското стопанство и 65 апликации од кои 25 договори веќе се склучени. Во тек е објавата за мерка 7 диверзификација на бизнис и рурален развој. Во првиот ИПАРД период беа искористени само 17 отсто од расположивите средства, изјави директорот на Агенцијата, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Непаразитски болести кај јаболката

Јаболкницата за време на суша ги отфрла плодовите, а недозреаните плодови паѓаат прерано и приносот може значително да се намали. Ако сувата сезона се совпадне со фазата на формирање на цветната пупка, приносот и во следната година ќе биде намален. Често, во такви случаи, предоцна се започнува со наводнување, па доаѓа до напукнување на плодот поради големата количина на вода за краток период.

Share
Прочитај повеќе

Успешно одгледување на боровинки

Боровинката претставува повеќегодишен џбун со различна висина, во зависност од подвидот (европската е висока од 25 до 40 см, додека американската од 70 до 120 см).Во Македонија, на високите планински врвови, природно расте европската боровинка. Кореновиот систем е плиток и се простира на длабочина од 15 до 60 см.

Share
Прочитај повеќе

150 години од создавањето на имитацијата на путерот – маргаринот

Маргаринот, како путер, се состои од вода во масна емулзија, со ситни капки вода распределена рамномерно низ масна фаза во стабилна кристална форма. Во некои јурисдикции, маргаринот мора да има минимална содржина на маснотии од 80% за да биде етикетирана како таква, иста како путер. Колоквијално во САД, терминот маргарин се користи за опишување на “не-млечни шишиња” со различна содржина на маснотии.

Share
Прочитај повеќе

Главни карактеристики на Европскиот модел на земјоделството

  Глобализацијата на Светската трговија, зголемените барања на потрошувачката кон квалитетот на храната , грижата за чување на животната средина и ширењето на ЕУ станаа нови предизвици за европското земјоделство. Пред повеќе години центарот на европската земјоделска политика се помести од пазарни регулации кон целна поддршка, во одговор на зголемените општествени барања, односно прехранбена сигурност, квалитет на храната, ширење на асортиманот, благосостојба на животните, квалитет на животната средина и зачувување на селскиот амбиент. Тоа покажува дека времето на напори за зголемување на продукцијата е одамна одминато и дека денес европското општество има други очекувања од земјоделството.

Share
Прочитај повеќе