Производителите на вишни „тријат раце“, двојно повисока откупна цена од лани

Бербата на вишни во источниот регион е при крај. Овоштарите велат дека годинашната реколта поради пролетните мразови ќе биде преполовена, но квалитетот е подобар, а има и организиран и гарантиран откуп.  Откупната цена е скоро за двојно повисока од лани, односно, изнесува 35 денари за килограм вишни.

Share
Прочитај повеќе

Илијев: Од рурален развој досега добивме 53 милиони денари за изградба на нови локални патишта во Кочанско

Од државните фондови коишто го поддржуваат руралниот развој досега добивме 53 милиони денари за изградба на нови локални патишта во Кочанско.

Share
Прочитај повеќе

Винарниците ветуваат откуп на целата реколта и исплата согласно законите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа работен состанок со претставници од винарските визби, а целта, како што соопшти ресорното Министерство, е навреме да се анализираат податоците во делот на планираното производство за реколтата 2019, квалитетот на родот и откупот од страна на винарниците.

Share
Прочитај повеќе

Утврдување на зрелоста на дињата и лубеницата

Оптимална зрелост на повеќето сорти на лубеница се јавува 45 до 50 дена после цветањето, а кај дињите 30-40 дена. Кај двата вида, важно е што подолго да се оржува здрава лисната маса. Исто така, околу две недели пред планираниот почеток на жетвата, треба да се престане со наводнување, со цел да се зголеми содржината на шеќер во овошјето.

Share
Прочитај повеќе

Шпиц во бербата на праски – проблеми со откупот нема

„Праската има регуларен редовен откуп. Она што можеше да се види дека се фрла, тоа беа меки праски. Сега се врши откуп и на меки праски. Сега не очекуваме такви слични проблеми. Сите се плашевме што ќе се случи со Русија. Знаете како ја почнавме сезоната. Некаде на 25 мај се повлече забраната и со координирани активности направивме се’. Сега немаме проблем. Немаме вратени камиони. Пред недела дена близу 1500-2000 тони се извезени во Русија. Пазарот станува се’ поприбирлив. Асортиментот на праски ни е познат. Оној кој има добар квалитет нема никакво проблем со праски. Сега е шпиц на берба и проблеми нема“, вели Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Солтер: Со новиот закон за тутун се отвораат можности за засилена борба со шверцот на тутунски производи

По 12 години и исто толку измени, тутунарите добија нов Закон за тутун кој според многумина е најдобриот досега и чиј текст е приближен до европското законодавство, а во негова изработка беа вклучени сите засегнати страни во земјава.

Share
Прочитај повеќе

Една година успешна приказна на првата македонска фабрика за фотоволтаични панели

Додека кај нас за енергетски ефикасен објект важи оној кој има фасада со добра изолација од стиропор и ПВЦ прозорци, во европски и светски рамки критериумите за енергетска ефикасност се далеку над тоа ниво. Под таквите критериуми се подразбира и фасада која е направена од фотоволтаични панели. Нешто од што сите би имале корист ако се знае дека Македонија има најмногу сончеви денови во регионот. Во земјава за околу еден месец ќе биде промовиран токму таков објект – прв со фотоволтаична фасада. Панелите кои се поставуваат се направени овде, во фабриката Пиксел Груп во Скопје, која е првата фабрика за производство на фотоволтаични модули во Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Што забранува и на што обврзува „Мој ДДВ“?

Стартуваше Проектот „Мој ДДВ“, со кој граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15% од платениот ДДВ. Од информациите што ги пласираат надлежните институции во системот веќе се регистрирани значителен број на лица кои сакаат да го искористат правото кое е овозможено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Сепак, потребно е да се знае дека овој Закон освен правото на поврат на ДДВ кое го овозможува, наметнува и одредени ограничувања за физичките лица, како и одредени обврски за правните лица, за чие непочитување, односно постапување спротивно на истите се предвидени и прекршочни санкции. Казните се однесуваат на правните лица за непријавувањето до Управата за јавни приходи на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка и на физичко лице кое пријавило фискална сметка издадена за плаќање комунална услуга или фискална сметка која била издадена за извршен промет кон правно лице.

Share
Прочитај повеќе

Профитот на Coca Cola во вториот квартал 2,6 милијарди долари

Американската компанија Coca Cola ги надмина очекувањата со профитoт остварен во вториот квартал и ја зголеми прогнозата за приходите за целата година. Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци соопшти дека сега очекува органски раст на приходите од пет проценти во целата 2019 година, што е поголема проекција во однос на претходниот прогнозиран раст од околу 4 проценти, објави агенцијата Reuters.

Share
Прочитај повеќе

Македонија забрани увоз на месо и добиточна храна од државите каде има регистрирано африканска свинска чума

Во Македонија нема присуство на болеста африканска свинска чума, уверуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Велат дека деноноќно ја следат состојбата на терен, а подготвени се за спроведување интервентни мерки во случај африканската чума да се појави во земјава. Поради појавата на блиски жаришта во соседството, Агенцијата ги зголемува безбедносните мерки и воведува забрана за увоз и транзит на свинско месо, производи од свинско месо и добиточна храна од земјите каде е утврдено присуство на болеста.

Share
Прочитај повеќе