Растат температурите – Заштитете ги храната и животните

Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Во двата случаи исходот може да биде фатален доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата.

Share
Прочитај повеќе

ГРАДОНОСНИ облаци ќе ја зафатат државата, ПРЕУПРЕДУВАЊЕ до земјоделците

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса но и поради многу загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија во следните часови особено во северните а потоа и во централните и во југоисточните предели од државава ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Share
Прочитај повеќе

Намален увозот на пченица од Србија

Пченицата е стратешки производ во Република Македонија и сеуште голем број на земјоделците произведуваат пченица на мали површина. Според последниот извештај на Држаниот завод за статистика површина засена со пченица се  80.924 ха (односно 34 % од вкупната земјоделска површина)  од која 64.706 ха се индивидуален сектор, а 16.218  се деловни субјекти и 104.853 мали земјоделски стопанства произведуваат пченица.

Share
Прочитај повеќе

Спроведено анкетно истражување – Однесување на потрошувачите во РСМ – Практики во однос на безбедноста на храната во домот

Според Светската Здравствена Организација над 30-40% од случаите на заболувања поврзани со храната се јавуваат во домот. Многу истражувања и студии докажаа дека несоодветна манипулација со храната, лоша хигиена и практики во домот го зголемуваат ризикот од инфекции во домаќинствата.

Share
Прочитај повеќе

Каква година очекуваат пчеларите?

„Годинава ќе имам добар принос, и очекувам 20 килограми по кошница. Но, сѐ зависи од тоа кој како ги одгледувал пчелите. Годината почна лошо, март беше сушен, немаше дожд, моравме да ги прехрануваме пчелите, но потоа природата направи чуда. Во природата сега има влага, и во кошниците има и затоа е добро медот да „одлежи“, па потоа да се вади. На 15 јули ќе знаеме како сме поминале годинава кога ќе почне да се вади медот. За пчеларите 1 август е Нова година, затоа што тоа што било поминало, годината завршила, се вади медот и почнува зазимување“, вели Тасевски кој има 110 кошници во кумановско.

Share
Прочитај повеќе

Сива пегавост кај пченката

Првите знаци на оваа болест може да се најдат на долните листови на пченката кои достигнале висина од половината до рамото на човекот. Оваа болест е многу опасна ако се развие во голема мера при фазата на метличење на пченката. Доколку растението се зарази шест недели после цветањето, тоа е веќе задоцнета заразa и болеста скоро и да не може да влијае на родот.

Share
Прочитај повеќе

5 фактори кои влијаат на производството на овчо млеко

Постојат неколку фактори кои влијаат врз производството на млеко, односно млечноста кај овците. Пред се, многу важна е генетската основа, условите за исхрана и здравственате заштита. Дознајте кои се 5 фактори кои во најголема мера ја одредуваат млечноста кај овците.

Share
Прочитај повеќе

На кој начин да го спречиме пукањето на плодовите

Пред самата берба многу е важно да се преземат мерки да не се доведе до пукање на плодот кај црешата. Постојат повеќе начини за спречување на пукањето на плодот кај црешата и тоа: соодветен избор на сорти, физичко отстранување на водата од плодот, поставување на заштитни прекривки над стеблата, како и користење на различни хемиски соединенија ( минерални соли, антипеспиранти, навлажнувачи, фитохормони и сл.).

Share
Прочитај повеќе

Меѓународниот стандард за безбедност на храната – поголема доверба и конкурентност

Безбедноста на храната добива сѐ поголемо значење и важност во сферата на прехранбената индустрија, не само поради законските обврски и казни за непочитување, туку и поради сериозни финансиски последици кои може да произлезат од намалената побарувачка или дури и целосен бојкот на производот на производителот, ако се утврди дека истиот го загрозува здравјето на потрошувачите.

Share
Прочитај повеќе