Издадените потврди за движење на земјоделци во полициски час ќе важат до крајот на вонредната состојба

Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ. Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Share
Прочитај повеќе

АФПЗРР: Договорите за реализација на инвестицијата престануваат да течат за време на вонредната состојба а ќе продолжат да течат по истекот на траењето на вонредната состојба

Извршувањето на контроли на лице место на договорите за финансиска поддршка, кои истекуваат или ќе истечат за време на траењето на вонредната состојба, да се одложат и да се продолжат за 60 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Имаме доволно храна и залиха

-Нема да има застој во снабдувањето на пазарите, ќе се почитуваат “зелените коридори” за непречен транспорт и трговија. Ние имаме производи кои ги извезуваме, но и производи кои ги увезуваме. Во случај на недостаток на одредени количини на основни намирници, дозволен е интервентен увоз. Со самото тоа не би требало да има никаков проблем, ниту пак стравување за недостиг на храна, истакна Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

АХВ со мерки против ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината, која на осми овој месец, од страна на Факултетот за ветеринарна медицина е лабораториски потврдена во одгледувалиште на бројлери во општина Гази Баба.

Share
Прочитај повеќе

Извозот на свеж зеленчук и овошје во март годинава бележи пораст

Според податоците од Царинската управа, и покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленчук во март 2020 година е поголем за околу 3.000 тони во однос на 2019 година, додека кај вредноста се бележи благо намалување. Во март 2020 година изнесувал 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Исплата на штети во општина Могила

4.087.329 (четири милиони осумдесет и седум илјади и триста дваесет и девет) денари се уплатени на сметките на 3 правни и 121 физички лица. Средствата се за градобитната 2019 година во атарот на село Добрушево.

Share
Прочитај повеќе