Издадените потврди за движење на земјоделци во полициски час ќе важат до крајот на вонредната состојба

Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ. Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Share
Прочитај повеќе

АФПЗРР: Договорите за реализација на инвестицијата престануваат да течат за време на вонредната состојба а ќе продолжат да течат по истекот на траењето на вонредната состојба

Извршувањето на контроли на лице место на договорите за финансиска поддршка, кои истекуваат или ќе истечат за време на траењето на вонредната состојба, да се одложат и да се продолжат за 60 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Имаме доволно храна и залиха

-Нема да има застој во снабдувањето на пазарите, ќе се почитуваат “зелените коридори” за непречен транспорт и трговија. Ние имаме производи кои ги извезуваме, но и производи кои ги увезуваме. Во случај на недостаток на одредени количини на основни намирници, дозволен е интервентен увоз. Со самото тоа не би требало да има никаков проблем, ниту пак стравување за недостиг на храна, истакна Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

АХВ со мерки против ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината, која на осми овој месец, од страна на Факултетот за ветеринарна медицина е лабораториски потврдена во одгледувалиште на бројлери во општина Гази Баба.

Share
Прочитај повеќе

Извозот на свеж зеленчук и овошје во март годинава бележи пораст

Според податоците од Царинската управа, и покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленчук во март 2020 година е поголем за околу 3.000 тони во однос на 2019 година, додека кај вредноста се бележи благо намалување. Во март 2020 година изнесувал 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Исплата на штети во општина Могила

4.087.329 (четири милиони осумдесет и седум илјади и триста дваесет и девет) денари се уплатени на сметките на 3 правни и 121 физички лица. Средствата се за градобитната 2019 година во атарот на село Добрушево.

Share
Прочитај повеќе

Илиевски: ПЕ МЗШВ Битола работи во интерес на потребите на земјоделците

ПЕ МЗШВ Битола работи во интерес на Вашите потреби. Секој работен ден од 8 : 30 до 13 : 30ч. во просториите на подрачната единица или на pe.bitola@mzsv.gov.mk тел. 047/237-419 можете да се информирате кои се условите на движење за време на полицискиот час за потребите на Вашите земјоделски активности.

Share
Прочитај повеќе

Известување на Фитосанитарната управа – орган во склоп на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фитосанитарната управа – орган во склоп на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барањата заедно со придружната документација од правните и физички лица кои подлежат на упис во Регистарот на производители, преработувачи, увозници и дистрибутери на растенија растителни производи и други објекти и предмети*1 (Фито регистар) ќе ги прима електронски преку следниот e-mail: fitoregistar@gmail.com. 

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: До 30-ти април е продоложен рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020

Ваквата одлука се донесе поради вонредната состојба на територијата на државата прогласена заради пандемијата од коронавирусот, поради што процесот на склучување на договори во месец март,  не се одвиваше со иста динамика како во месец февруари 2020 година.

Share
Прочитај повеќе

Насоки за движење во полициски час за земјоделците

Барањата се доставуваат по телефон или на е-маил преку подрачната единица на МЗШВ (која мора да провери дали барателот е запишан во регистарот на земјоделски стопанства и дали во стопанството има лице помладо од 67 години.

Share
Прочитај повеќе