Нивото на Пчиња во благ раст

Вести

Водостојот на реката Пчиња бележи благ раст во текот на изминатите денови и повторно е за неколку сантиметри над просекот за јануари.

 

Мерењата од утринава, направени на мерната станица на Управата за хидрометеоролошки работи, лоцирана во атарот на селото Пелинце, покажуваат водостој од 60 сантиметри.

Водостојот почнува да расте од сабота, кога изнесувал 52 сантиметри, односно еден сантиметар под просекот за месец јануари.

Кон почетокот на годинава, поради обилни врнежи дојде до излевања на реката Пчиња на неколку локации, при што беа поплавени неколку викендици и обработливо земјоделско земјиште.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *