Да се забрза донесувањето на деталните урбанистички планови во општините за поголема искористеност на парите од ИПАРД програмата. Апликантите не можат да извадат дозвола за градба и да ги легализираат фармите. Ова е еден од клучните проблеми поради кои слабо се користат парите од европските фондови.
Земјоделците имаат проблем и со недоволниот пристап до почетен капитал а се жалат и на долгиот период од поднесување на апликацијата до одговор дали ќе го добијат грантот.
На првиот повик за ИПАРД 2 доставени се рекорден број на апликации. Земјоделците побарале вкупно 73 милиони евра помош. Од Платежната агенција очекуваат поголемо искористување во иднина.
Фармерите се жалат и на обемна документација за аплицирање. Побарале дел да обезбеди Платежната агенција по службена должност.