АХВ дел од еко акцијата за чистење

Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство се приклучи на еко акцијата во која државната администрација заедно со граѓанското здружение „Не биди ѓубре“  го чистеше главниот град  Скопје. Вработените од Агенцијата со неколку други државни институции ја чистеше околината на месноста Јурија во скопскта општина Ѓорче Петров.

Освен на овој локалитет, во Скопје, се чистеше на 20-тина други локации меѓу кои езерото „Треска“ во Сарај, тврдината на Кале, на Водно, во околина на Собранието, улицата „Македонија“, во реонот на МКЦ и на МТВ, касарната „Илинден“, кејот на Вардар, и други.

Со оваа еко акција, државните службеници го одработија 2 јануари 2019 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *